1. Големи колкови и задник – наједноставен начин за нивно балансирање е да изберете фустан кој не е краток и кој лесно паѓа преку долниот дел од телото. Уште подобро ако има големо деколте или голи раменици, на тој начин привлекува внимание на нив.
2. Слаби, опуштени или дебели раце – секако дека овде најдобар избор е фустан со долги ракави. Трик е да изберете необични ракави. Добар ефект може да се постигне ако на фустан без ракави додадете шал или болеро.
3. Ако сте ситна – добар избор за вас се елегантните фустани, не многу набрани и без “слатки” елементи. Фустанот треба да биде во една боја и да ја нагласува вашата фигура. Одлучете се за помеки материјали.
4. Ако носите поголеми конфекциски броеви – изберете едноставен фустан во потемна боја. Црната е непогрешлив избор, бидејќи во црно сите изгледаат послаби. Ако фустанот не е краток ќе ве издолжи и ќе изгледате одлично.
5.
Ако ви се проблем нозете – можете да изгледате добро и без да ги покажувате. Наместо за краток одлучете се за долг фустан. Ако е од добар материјал ќе изгледате многу елегантно.
6.
Широки раменици – добар избор се фустани кои не се на прерамки. Не треба да барате фустан кој ќе ги прикрие рамениците, него некој кој ќе нагласува друг дел, или кој има на себе некој нагласен детал. Секако, избегнувајте ги набраните ракави и прерамките.
7. Ако немате струк – проблемот ќе го решите со избор на фустан кој е сечен погоре или подолу од струкот. Најдобро е да е во две бои или од два различни материјали.
8.
Ако имате големи гради – изберете фустан кој се врзува околу вратот, по можност набран во горниот дел. Ако фустанот има широка сукња потполно ќе ги избалансирате градите. Изберете материјал кој се лизга и лесно паѓа, но да не се лепи на вас. Исто така треба да ги избегнувате огрлиците и било каков украс и додаток на горниот дел од фустанот.
9.
Мали гради – најголем дел од свечените фустани најдобро стојат на мали гради, така да вие немате никаков проблем во изборот на фустан. Меѓутоа, ако сакате оптички да ги зголемите градите, изберете фустан кој што на тој дел ќе има волумен, украси или нешто слично.
10.
Ако сте преслаба и ако немате облини – женственоста ќе ја постигнете со јасни и светли бои. Екстра детали се набраните ракави, широка сукња и слично. Избегнувајте материјали кои лесно паѓаат и се прилепуваат за вас, а исто така и фустани кои се многу отворени.
|