Белата боја на дел од облеката е прекрасна и освежува, посебно ако знаете да ја ускладите со остатокот од облеката.
И покрај тоа што белата боја лесно се комбинира, кога е облека во прашање, со ташните не е лесно. Тоа е затоа што белите ташни не одговараат на темна облека, а не можете да ги комбинирате ни со бели чевли, бидејќи ќе изгледате како да одите на свадба, а ако ги носите на облека со изразени бои, ташната нема да доаѓа до израз.
Белите ташни најдобро одговараат на џинс облека и неутрални бои. Треба да ги носите на чевли со светли или земјени тонови (смеѓи, беж...), а на облеката додајте некој бел детал што ќе одговара, најдобро каиш.
Со црно бела комбинација не можете да погрешите, но и во таква комбинација секогаш горниот дел од облеката нека ви биде црн, а долниот бел, бидејќи во спротивно ќе изгледате како келнерка или рецепционерка.
|