Два основни трендови на женски обувки во 2007 се чевли на платформа и лакирани чевли, иако високите потпетици не заостануваат зад нив...
Обично, кога се појавува нов – стар тренд, треба малку повеќе време да се прифати, па веројатно така ќе биде и оваа сезона со лакираните чевли. Прашање е само дали одма ќе ги купите или ќе причекате додека се навикнете, па ќе ги купите подоцна.
Во тој тренд се сребрените и златните чевли. Или чевли кои имаат барем некој метален додаток.
Меѓутоа, не треба да се ограничувате, оваа сезона чевлите се разноврсни и не можете да погрешите во изборот. Повеќе или помалку затворени, отворени во прстите или не, со ремче околу ногата или не...
Слично е и со боите, освен металик боите, во мода се сите бои, како еднобојни така и шарени чевли.
|