Еден пар на ниски чевли би требало да има секоја жена во својата колекција. Тие се удобни, посебно за дневни прошетки во градот, можат да бидат забавни, но и стилски многу добро вклопени во вашиот целосен изглед.
За оваа сезона одберете ниски модели во живи бои. Во последните неколку години се во мода “балеринките”. И иако не сте љубител на рамни чевли, сепак купете си еден пар и од време на време одморете ги нозете од високите подпетици.
Ниски чевли и суќна
Во оваа комбинација нозете ќе ви изгледаат пократки, затоа на ниски чевли одберете суќна над коленици.
Ниски чевли и пантолони
Капри панталони се идеални за ниски чевли. Ако на ниски чевли носите подолги панталони, потрудете се да не бидат предолги за да не се влечат по подот. |