Тесни, широки, долги, кратки, шарени или еднобојни – сукњите се секогаш во тренд! На вас е во зависност од нивните кроеви да ги истакните своите облини, а и визуелно да ги прикриете недостатоците.
Жените се почесто носат панталони, но не можеме да ги окривиме за тоа бидејќи денес има голем избор модели и материјали, па жената и во нив може да се чувствува совршено женствено. Сепак, сукњите се со векови наши драги пријателки кои не пратат низ секоја наша модна експериментација и ако ништо друго, приморани сме женствено да се движиме и држиме.
Исто така, мора да признаете дека сукњите се многу поудобни и покомотни од повеќето модели на панталони, а да не испуштиме и дека, ако одбереме правилен крој и должина многу добро ги прикриваат недостатоците. Со ова едноставно не смееме да ги занемариме!
Тесните сукњи со должина до коленици, резервирани се за витко градени жени, со овој модел дизајнерите оваа сезона предлагаат и висок струк, поради фактот дека струкот мора да се истакне. Може да се носи како дел од деловен костим, со чизми од превртена кожа, кои се соодветни за оваа преминувачка доба. Ако сте ниски по раст, високи потпетици се повеќе од добредојдени!
Сукњи со А крој добро стојат на сите, а посебно на жени со поистакнати облини. Материјалот нека биде мек, па лесно ќе паѓа на колковите. Совршено ќе го нагласите струкот со каиш кој е неизбежен моден детал оваа сезона.
Обувките со платформа и понатаму се во тренд, а ако ги носите со сукња до коленици, значи дека сте модно информирани, но и добро сте процениле, бидејќи кај овие сукњи постои замка. Ако немате убави коленици, таа повеќе ќе ги нагласи. Затоа внимавајте! Ако не сте сигурни дали реално сте оцениле како ви стои, едноставно прашајте пријателка за мислење!
Иако се многу модерни ретро фустани од стилот на 60-тите години, за вечерно излегување секогаш препорачуваме сукња со црна боја. Освен тоа што е многу елегантна, таа боја најмалку ја открива изгужваноста од седењето. На страсните играчици им препорачуваме сукњи од фин материјал кој убаво паѓа, затоа што совршено ќе го прати движењето на колковите на подиумот за играње.
|