Повеќето шпански модни креатори, меѓу кои и сопственикот на Zara, му објавија војна на анорексичниот тренд кој валадее на модните писти, а кој милиони жени неуморно го следат како би постигнале “манакенски” изглед.
Договор за новите големини на женската облека потпишаа министерството за здравство и дизајнери како што се Cortefiel, Mango и El Corte Ingles, како и Inditex, во чие власништво е и ланецот Zara.
Според договорот под точка 12, кој ќе измини неколку фази за пет години, во излозите од сега нема да може да се изложуваат облеки со големина помала од 38, а европската големина 46, повеќе нема да се гледа како “специјална големина”.
|