» Битолска Шема
-------------------------------------------
d Кафичи
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Ноќни клубови
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Таверни
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Ресторани
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Пицерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Салони за убавина
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

d
Бутици
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Хотели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Супер маркети
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Култура
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Е - разгледници
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

d
Ваши слики
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .


» Забава
-
------------------------------------------- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Галерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Игри
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Славни личности
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Смс пораки
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Секси линк
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Коктели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Препорачуваме
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Мода
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Здравје и убавина -
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Хороскоп
Вицови
Download - ирање

..

5
Градникот полни 100 години
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Дел од женската долна облека, кој е многу ценет од мажите, а и од жените, наполни сто години. Откако во 1907 година го осмислил Parizanin Pjer Poare, сите припаднички на понежниот пол му останале верни на градникот, оставајќи го настрана неудобниот корсет на кого до тогаш биле осудени.
Пред осмислувањето на градникот, жените се мачеле да се протнат во металните и неудобни корсети. Колку тој предмет бил неудобен можеме да сознаеме од податокот што за време на влегувањето на САД во Првата светска војна, биле повикани сите жени да ги отстапат своите корсети за воени цели – од 28.000 тони метал (кој бил извлечен со нивна обработка), биле направени два борбени брода.
Поради сето тоа, после првата креација на Пјер, на иста тема почнала да размислува и Американката Мери Фелпс, која во 1914 година патентирала “backless brassiere“ – корсет без позадина.
Нејзините пријателки со задоволство го прифатиле нејзиниот изум, но тој одма не бил пласиран во продажба. Тоа се случило дури откако дизајнерката добивала анонимни писма со барање на продажба на градникот.
Набрзо, магазинот “Warner Brothers Corset Company“ ги откупиле авторските права за нејзиниот изум, и тоа само за 1.500 долари. Така, во дваесетите години од минатиот век, градниците се нашле во продажба.
Сепак, личноста која најмногу допринела за развој на градникот била руската емигрантка во Америка, Ида Розентал, која со помош на својот сопруг измислила нов дизајн за градник – земала мерки на гради и грбови од десетина Американки, од девојка во пубертет се до зрели жени и така креирала модели кои одговараат на сите.
Градниците до тогаш биле користени за поткревање и визуелно зголемување на градите, додека Розентал ги посветила на жени кои имаат големи гради и така настанува градник кој визуелно ги намалува градите.
Во текот на шеесеттите години овој дел од долната облека станува и политички симбол – младите хипи девојки во знак на протест ги спалувале градниците, на тој начин изразувајќи го своето право и слобода. Кога Розентал била запрашана дали таквиот гест ќе ја упропасти нејзината империја, таа одговорила: “Живееме во демократија, каде секоја личност има право да се облекува или слекува, но сепак, после 35 години ниту една жена не ќе може себе си да си дозволи луксуз - излегување без градник. Така што времето работи во моја корист“.
И секако, таа била во право.
Прва телевизиска кампања со која таа ја промовирала оваа идеја се појавила во 1967 година, а во текот на осумдесетите доаѓа до нова етапа во развојот – градниците добиваат и еластични држачи, потоа корпи ...
Најголем хит беше така наречениот вондербра (wonderbra) – градник кој ги подигнува градите се појави во 1994 година и за кратко време постана најпродаван предмет ширум светот, но не само тоа. Овај “волшебен градник“ бил на насловната страница не само на модните магазини, туку и на оние со друга тематика, како што се “Time“, “Newsweek”, “USA Today”…
Почетокот на новиот век на пазарот го донесе и т.н. воздушен градник (“air bra”) кој освен градите го зголемува и градниот кош.                                                                                                      

 


 

 

www.bitolskasema.com.mk - Сите права се задржани