Сигурно доколку не сакате само голо тело имате некоја омилена долна облека. Па доколку сакате да подарите некое парче долна облека на некоја личност која ви значи прочитајте го текстов, бидејќи за секоја пригода постои различна долна облека.
Долна облека за неа
Се разбира дека не сакаат сите девојки исти работи, а уште повеќе не изгледаат сите исто во истата облека, затоа мора да водите сметка за тоа што таа сака и како би изгледала во истото парче кое сакате да го купите. Бидејќи ако купите нешто што не и стои баш најдобро тешко дека ќе ја натерате да се облече во истото.
Па ако сакате да ја зачините вашата врска прочитајте ги нашите упатства за да одберите каква долна облека да купите. Прочитајте што да купите за таа да се осеќа посексипилна, а вие позадоволен, што, во која прилика се носи и како таа се осеќа во тоа што ќе и го поклоните.
Pushup градник
Сигурно сите машки знаат што е тоа pushup градник бидејќи се стретнале со истиот повеќе пати во животот. Но за секој случај, кога жената носи градник кој ги подигнува и ги зголемува нејзините гради таа се осеќа поженствено, а вие ќе се осеќате маженствено поради нејзините пропорции.
Тип на жена: За конзервативни девојки кои ја прикриваат нивната дива страна.
Прилика за носење: Ноќ во градот - само вие и таа.
Колку секси се чувствува таа: Со оглед дека нејзините гради се прилично зголемени, ќе се осеќа како потполна жена, што ќе го почувствувате со текот на вечерта.
Пуфкаста долна облека
Ако вашата девојка нема омилена долна облека за низ дома, или уште полошо ако има некоја која не ви се допаѓа, еве ви прилика да и поклоните нешто.
Тип на жена: Страмежлива девојка која не е свесна колку е нејзиното тело секси.
Прилика за носење: Една од ноќите кога вие работите до касно, а таа ве чека дома да се вратите.
Колку секси се чувствува таа: Бидејќи е свиленесто однатре, а со пуфкасти детаљи однадвор, сигурно ќе ве очекува изненадување кога ќе се вратите дома.
Baby Doll halters
Жените обожаваат да ги носат, а мажите да ги соблекуваат. Возбудливата работа кај Baby Doll облеката е тоа што обично доаѓа со танга, а ако телото не е баш совршено успешно ги прикрива малите недостатоци, а што се однесува до градите, ги подигнува умерено.
Тип на жена: Жена која сака да игра само за вас.
Прилика за носење: Годишница (измислувајте некоја секоја недела, ако треба).
Колку секси се чувствува таа: Секоја девојка се чувствува како секс бомба во Baby Doll и во танга.
Подсукња со подвезици
Поглед на женско тело со подвезици би го излудило секој маж, во секое време. Иако во овој случај подвезиците се прицврстени со микро-мини суќна, сеуште се многу привлечни за око (совет: одговара со pushup градник).
Тип на жена: За жена која знае и сака да задоволи маж на повеќе начини.
Прилика за носење: Успешни сте во некое поле од животот, а таа сака да ви покаже колку е горда на вас.
Колку секси се чувствува таа: Дозволете и да спие со долната облека и ќе се чувствува како Playboy зајачица.
Гаќички
Иако тангата е најчестиот избор на мажите, понекогаш е возбудливо да се види девојката во женски гаќички.
Тип на жена: Девојка со мали облини одлично би изгледала во овие гаќички.
Прилика за носење: Саботен доручек во кревет.
Колку секси се чувствува таа: Веројатно нема да се осеќа многу секси, но кога ќе завршите со доручекот сето тоа може да се промени.
Камисол и капри панталони
Иако највероватно преферирате да ја гледате девојката гола, некогаш е многу поинтересно и повозбудливо доколку девојката е во секси панталончиња кои и ги исцртуваат облините.
Тип на жена: Жена која знае како да го добие она што го сака.
Прилика за носење: Вечер со еротски филм и црвено вино.
Колку секси се чувствува таа: Иако фланелот не развива никакви еротски мисли мошне лесно можете да се разубедите во тоа.
Спуштени гаќички
Повторно ова не мора да бидат обични гаќички, туку може да бидат од свила или со чипка за посексипилен изглед, по што не би ги замениле за танга, барем не овој пат.
Тип на жена: Секоја жена која води сметка за своето тело заслужува ваква долна облека.
Прилика за носење: Па да речиме дека кога и да е со вас би требало да биде доволна причина да ја носи оваа облека.
Колку секси се чувствува таа: Ако во нешто жената се чувствува секси, тогаш сигурно тоа е чипката.
Без разлика дали ќе се одлучите да купите некој од овие примери, немојте да заборавите дека жените обожаваат да примаат поклони - обожаваат совршени поклони. И ако сакате да ги развеселите, обавезно купете точна големина.
И на крајот, доколку изгледа секси жената, тогаш таа и се осеќа секси, па без проблем тоа ќе ви го покаже.
|