Жолтата, оваа сезона се наметна како една од хит боите. Нападливиот жолт total look невозмозно е да се види на домашните модни случувања, ниту пак на улиците од нашите градови. Жолтото треба да знаете како да го носите.
Меѓутоа, ако не сте со пресветла кожа и пресветла коса, а сакате да бидете посебна, не предомислувајте се – во жолто оваа сезона може само да заблескате.
И дење и ноќе, во фустан, креација на Alberta Ferretti, креирана од жолта свила, пуштајки ја меко да паѓа, раширена околу колениците и набрана во струкот, ќе изгледате совршено. Плитките набори над градите го красат деколтето и (малите) гради добиваат поголем изглед.
Versace за сексипилен дневен изглед предлага краток фустан кој додава облини на стратешки места и во комбинација со високи потпетици и голема мека ташна гарантира гламурозен изглед.
Деловните модерни жени може да носат лакиран жолт класичен крој – дизајнерите на колекцијата Burberry Prorsum тврдат дека успехот е загарантиран одбирајки со тоа и самоуверен детал како изразито црвена ташна и op – art очила за сонце.
Најлетните модели носат потпис Yves Saint Laurent Rive Gauche. Посебно е запазен краток струкиран фустан од изразено жолт сатен.
Но, внимателно – рафиниранот младешки модел е сепак резервиран за изразито витки и оние кои добро ги поднесуваат вртоглавите потпетици.
Во спротивно, препорачуваме мирни модели како vintage жолт фустан, кој од YSL – овата колекција го избра за себе иконата на стилот Paris Hilton.
|