После бурниот викенд со мошне интересни забави, ви го најавуваме најголемото име на Балканот кога станува збор за електронска музика, сабота (28.06.2008) во ноќниот клуб Расчекор гостува dj Marko Nastic.
Марко Настич роден е во Белград, неговите почетоци се во белградските клубови Индустриа и Омен, каде се запознава со Дејан Миличевич и заедно го започнуваат проект TTP. Многу брзо е поставен на местото програм art директор во клубот Индустриа преку која функција се запознава со голем дел од белградските dj-и, продуценти и промотери.
Неговата интернационална кариера започнува набрзо откако се запознава со Umek и Valentino Kanzyani кои ја имаат главната улога во неговото промовирање на интернационалната сцена како продуцент.
Своите први две EP-a ги објавува ексклузивно за Recycled Loops record company, "Devil in My Pants" и "Let's Get High" со кои ја постигна својата интернационална слава како продуцент.
Потоа ја започнува својата компанија RECON WARRIORS во која учествуваат
и Dejan Milicevic, Leon, Kobaja, но исто така и Umek и Valentino Kanzyani.
Симнете сетови на Марко Настич:
(десен клик и Save Link As...)