Македонија засекогаш е името на проектот изготвен од Агенцијата за Млади и Спорт. Целта на проектот е промовирање на македонската изворна песна.
Во средата со еден дневен весник изданието на CD-то беше поделено бесплатно, во ова CD се содржат 14 стари македонски изворни песни препеани од македонските музички ѕвезди Владо Јаневски, Калиопи, Ламбе и други.
Денес (22.05.2008) на сите посетители на отворањето на спортската сала Борис Трајковски во Скопје ова издание на CD-то ќе им биде доделено бесплатно.
Доколку не успеавте да дојдете до еден примерок песните можете да ги превземете со следење на линкот тука.