Контрацепцијата ги опфаќа сите методи кои ја спречуваат несаканата бременост. Методитe за контрацепција најверојатно постојат колку што постои и човечкиот род. Во некои делови од светот тие се употребуваат нормално, а во некои не се застапени заради верски причини, незнаење или страв.
Затоа што нема совршен метод на избор на методите за контрацепција најчесто тоа се прави по сопствени убедувања. Сигурноста и делотворноста се најважни фактори, а на некои им е важна и практичноста, достапноста и цената. При изборот на методите важно е да се биде запознаен со неговите предности и недостатоци, можните попратни ефекти, правилниот начин на употреба. Потребно е да се земе во предвид годините, здравствената состојба, колку ќе имате полови односи. Најдобро е да се консултирате со доктор кој ќе ви препорача со кој метод да се служите, а за некои методи е неопходна стручна помош. Постојат:
- природни методи на контрацепција
- контрацепциски апчиња
-
комбинирани апчиња
- апче само со прогестаген
- контрацепциски фластери
- контрацепциска инекција
- контарцепциски импланти
- спермицидни средства
- дијафрагми
- машки и женски кондоми
- стерилизација
-- итна контрацепција (апче за ден потоа)
|