Ако сте сигурни дека вашата пријателка не ви е само обична пријателка и дека чувствувате нешто посилно за неа, како на пр. одвај чекате да го остави својот дечко за да биде со вас, тогаш можеби е подобро да ги забрзате работите.
Или ако се сомневате дека вашиот пријател не ве сака само како пријателка прочитајте го следниот текст кој ќе ви покаже како тој ќе изврши саботажа на вашето пријателство, па доколу сте заинтересирани помогнете му, а ако не сте, подобро кажете му веднаш.
Станете нејзин близок пријател
Морате да станите нешто повеќе од колеги или соседи. Пронајдете нешто заедничко и остварете директен контакт со неа. Без да бидете претерано заприметлив почнете да разговарате за проблемите кои ги има во врската. Имајте на ум дека мора да ја предизвикате да ви ги кажува неговите недостатоци, а не неговите добри особини. Доколку нема проблеми тогаш пронајди некои негови особини од кои би можело да се направи проблем.
Изворот на проблеми би можел да биде многуброен – парите, сексот, децата, куќните работи, сите се тие теми во кои може да се посади трошка проблем. Спомнете и ги овие теми и сигурно ќе најдите нешто што и е навистина проблематично, и тие проблеми потоа постојано држете ги како тема на разговор.
Потоа служете се со техниката на споредување, како на пр. доколку не сака домашни животни сигурно и нема да биде баш некој добар татко и сл, колку и да е бесмислено овие ситници сигурно ќе предизвикаат сомневање кај неа.
Пазите да не останите само во фазата на пријател, не заборавајте да флерувате со неа, да поттикнете да мисли на вас, или доколку му се случи нешто трудете се да вие бидете први што ќе дознае за тоа, а не некоја нејзина другарка.
Бидете негов бранител
Откако ќе ви ги каже маните и недостатоците на нејзиниот дечко, немојте само да слушате како го напаќа, затоа што кога тогаш ќе осети потреба да почне да го брани и тогаш сте пак на почеток, би требало на некој начин да ги оправдувате неговите постапки но и во исто време да се дистанцирате себе си од такви однесувања. Речете и – нема баш секое машко да го направи тоа, но можеби тој мислеше... На тој начин ќе нагласите дека тој направил нешто лошо, што вие никогаш нема да го направите и таа ќе почне да се правда и да ве надополнува зошто има причина да му се лути за таквата постапка.
Во таквиот разговот таа нема да слушне ништо лошо речено од вас за него, но ќе свати дека во споредба со вас тој ја повредил, а вие никогаш нема да го направите тоа.
Ако тој реагира на вашето пријателство и ако ја остави поради вас, таа ќе тврди дека само сте се обидувале да ја поправите нивната врска.
Бидете она што таа сака
До сега сигурно свативте кој е нејзиниот идеален дечко и го поставивте сомневањето дека тој не е нејзиниот партнер. Постепено почнувајте да се однесувате како тој идеален дечко и правете некои работи кои ќе изгледаат како веќе вие двајцата да сте во врска. Негувајте ги заедничките шеги, носете го нејзиниот автомобил на поправка, купувајте и списанија, прашувајте ја за нејзината фамилија, и предложувајте и активности за кои знаете дека нема да ги одбие. Но никако немојте да се издадете уште од овој момент и да ја прашате отворено дали сака да ви биде девојка.
Нека биде љубоморна
Сега повеќе не треба да и бидете постојано на располагање и почнете да излегувате со други девојки. Потрудете се таа да дознае дека некоја девојка ви се допаќа, а посебно ако таа е некоја која баш и не е по нејзин вкус. Сигурно немојте да одите предалеку, затоа што таа мора да знае дека таа и понатаму е многу важна личност за вас. На ваков начин таа повеќе ќе размислува за вас отколку за нејзиниот дечко.
Употребете ги нејзините пријателки во ваша корист
Ако сте во можност добро би било да придобиете две нејзини пријателки, секако додека сте сигурен дека ниедна од нив нема да ве издаде, тоа би можело да ви помогне затоа што некоја од нив отворено може да му даде совет дека нејзиниот дечко во споредба со вас е една огромна нула.
Проширете ги озборувањата
Ова нека биде вашата последна сламка за спас. Мали озборувања за верноста или предаденоста би можеле да бидат најголем проблем во една врска. Обавезно вие да се дистанцирате од тие озборувања и никако немојте вие да и ги пренесете, само чекајте тие да делуваат.
Секако дека не мора да ви кажуваме дека овие совети се неморални и злобни, па вие сами проценете дали девојката вреди за тоа и дали таа ќе биде среќна доколку раскине со нејзиниот дечко, а изгради врска со вас.
|