Кога би можеле да одбирате, каков маж би одбрале. Онај кој добро се бакнува, но е лош во креветот, или онај кој лошо се бакнува, но кога е во прашање сексот е незаборавен? А со какво типче би ја провеле ноќта, со онај кој има преубаво лице, но лошо тело, или со совршено тело, но грда фаца. Докoлку сеуште се двоумите, тогаш проверете што мислат повеќето жени на овие теми.
Добро се бакнува но е лош во креветот, или лошо се бакнува но во креветот е невероватен?
Лошите бакнежи жените некако ќе ги простат, но лош секс никако. Заради овој факт 65% од жените се oдлучиле за лош бакнувач.
Да можете да бирате дали ќе одберите пола година среден секс, или една незаборавна вечер?
Со оглед на тоа дека 70% од жените би одбрале една незаборавна ноќ, машките треба да се загрижат затоа штo подобро е една незаборавна ноќ на 100 години, отколку рутински правење на работите.
Маж со голем или мал пенис?
Лоша вест за ониe кои се надеваат на својот техничар, затоа што 57% од жените сакаат голем пенис.
Маж со лошо тело но преубав лик, или лош лик но преубаво тело
Жените со 80% би одбрале убав фраер кој е запуштен во своето тело, отколку некоја непривлечна грдотија со убaво тело.
Машко со влакна на телото или без влакна?
Лоша вест за фраерите со влакан на телото, затоа што дури 76% од жените би избрале невлакнеста личност.
Влакнест грб или влакнест задник?
Ммм, што е помалку грозно. Жените велат дека побргу ќе го преќутат влакнестиот газ, отколку прашума на грбот.
Секс со шефот или доставувачот на пица?
Се чини сепак дека моќта е нодолива, затоа што 50% од жените би спиеле со своите шефови, иако не веруваме дека толку од шефовите се привлечни.
Никогаш повеќе секс или никогаш повеќе не доживување на оргазам?
Што повеќе се размислува за тоа толку потешко е да се одлучи. Комбинацијата е следна: никогаш повеќе да немате секс што сепак не ја исклучува можноста да доживеете оргазам, или никогаш повеќе да не доживеете оргазам но сеедно да имате секс до кога сакате.
Незавидна ситуација, но, сепак 54% од жените побргу никогаш повеќе не би доживеале оргазам отколку да се откажат од старата добра навика, сексот.
Исклучиво орален секс или целосно откажување од него
Како и во претходната ситуација за повеќето од жените класичното опа-цупа е поважно од било кои други активности, затоа 75% од жените засекогаш би се откажале од него.
Секс до крајот на животот во спалната или никогаш повеќе во неа?
Иако на повеќето на помислата на секс во спалната соба прво на памет им доаѓа немањето на доволно фантазија, 63% од жените сметаат дека тоа е подобра опција од напрегнувањето во кујната, купатилото, ходникот или гаражата.
Дали да ве слушаат или да ве гледаат додека имате секс?
73% од жените не би се осеќале добро доколку некој ги гледа додека имаат секс.
Дали да ве фати вашата мајка или вашиот шеф на дело?
Полесно би поднеле сепак да ве фати вашиот шеф, за тоа се одлучиле 72% од жените.
Покрај тоа 90% од жените повеќе сакаат нивните партнери да мислат дека се нескротливи во креветот, отколку да мислат дека се досадни.
|