Секако дека до сега сте сватиле дека животот не е Холивудски филм. Исто така знаете дека нема да го најдете принцот на бел коњ кој ќе остане со вас без оглед на тоа што ќе направите. Меѓутоа, постојат уште некои нереални очекувања од кои сигурно ви е тешко да се ослободите.
Ви набројуваме 10 очекувања кои треба да ви послужат да го пронаjдете вистинскиот партнер. Некои од нив ќе ви се чинат мошне нереални, но продолжете да читате па можеби ќе се пронајдете.
- Вистинскиот партнер ќе ги реши моите животни проблеми.
- Ќе биде потполно заљубен во мене, но и понатаму ќе остане мистериозен.
- Ќе пронајдам партнер кој во секој поглед ќе биде попаметен и подобар од сите други.
- Тој ќе го направи првиот чекор доколку навистина е заинтересиран за мене.
- Ќе пронајдам партнер кој постојано ќе напредува во својата кариера.
- Тој нема да биде способен за неверство.
- Ако е вистинска љубовта ќе се случи без разлика на моите постапки.
- Тој нема да проба да ме смени туку ќе ме сака каква што сум.
- Тој ќе се промени.
- Нашиот однос ќе остане ист до крајот.
Сите овие очекувања се нереални. Доколку и едно од нив ви се гледа разумно тогаш токму тоа ќе биде пречка за совршена врска.
|