Некои кажуваат дека одалеченоста ја зајакнува љубовта, а други се служат со народната поговорка: далеку од очи, далеку од срце. Но што ако раздвоеноста потрае некое време?
Како да ја одржите врската ако сте присилени да сте разделени? Ако раздвоеноста не трае долго и ако двајцата се сложувате на тоа, секогаш можете да најдете начин да останете во контакт. Но ако се работи за навистина долга раздвоеност повеќето од паровите уште на почетокот прогнозираат дека врската не може да се одржи. А ако едниот партнер е поопуштен за време на раздвоеноста, ете причина за кавга која може да ги надмине своите граници.
Различен поглед на раздвоеност:
Како паровите се снаоѓаат со раздвоеноста зависи од тоа што всушност осеќаат за раздвоеноста.
Во што е проблемот: ако сте растеле во фамилија каде сте навикнале на отсуството на некој од фамилијата, веројатно периодот на раздвоеност нема да претставува никаков проблем - ги видовте своите родители и видовте дека тоа не им наштетило.
На самата ивица на очајот - можеби некој во минатото ве оставил со уверение дека ќе се врати брзо, но никогаш не се вратил. Веројатно раздвоеноста ќе ја сметате како крај на вашата врска.
Не е тоа толку долго - можеби сте личност која на животот гледа во целина. Можеби на раздвоеноста не гледате како вашиот партнер бидејки мислите дека тоа е само фаза од вашата долга врска.
Не е фер - ако вашите родители скоро секогаш биле заедно тогаш отсуството на партнерот ќе ги надмини вашите искуства. Да се биде пар за вас значи да се биде заедно, и воопшто не можете да замислите друга ситација.
Без разлика на тоа која е вашата интерпретација за раздлебата, најверојатно ќе имате различен поглед на неа, зависно од тоа кој си оди. Во двата случаи има предности и мани.
Далеку од куќата
Ако сте вие тој што ќе заминува, има предности заради новото искуство кое што можете да го стекнете. Ново опкружување, нова работа, ново друштво... Но маните се тоа што сигурно ќе ви недостига вашата куќа, пријателите. И ако пред вас има премногу предизвици, ќе се осеќате осамено без партнерот кој би ве подржал во тие ситуации. Луѓето кои одат на ново место најчесто се растроени помеѓу чувството на возбуденост заради новото и чувството на жал за изгубеното.
Оставени во куќата
Ако сте вие тој кој е оставен во куќата имате предност затоа што сеуште се наоѓате во друштвото на оние кои ве сакаат, и кои безусловно ќе ве поддржуваат. Но и со сето тоа ќе се осеќате напуштени и сами, со вас останува само осаменоста и ќе мора да се борите со неа.
Како да успее?
Клуч на успехот за врска на оддлаеченост е разговорот, и тоа искрено на тема како се чувствувате. Паровите обично паѓаат во овие замки:
Се преправаме дека се е во ред - кога разговараме разменуваме новости. Кога ќе ве праша како сте? Одговарате со ‘Јас сум ок’. Но всушност сте толку осамени, но не сакате да го кажете тоа затоа што се плашите дека нема да ве разбере.
Тебе ти е полесно - додека раговарате се трудите да звучите добро, но обвинувањата висат во воздухот. Двајцата сте убедени дека на другиот му е полесно да го поднесе тоа, и еден со друг се обидувате да го докажете спротивното. На површина сепак и двајцата сакате да вашиот партнер ве убедува дека му е потешко без вас, но се плашите од одбивање.
Бидете искрени
Поделете ги чувствата за разделбата – сите, и лошите и добрите. Тоа ќе ви помогне да се осеќате подобро и поблиску, имате прилика потполно да се разберите еден со друг и да си ја пружите подршката која ви е неопходна.
Делете ја тежината на раздвоеноста - така е подобро отколку секој сам, и радувајте се на времето кое покасно ќе го поделите заедно.
Продолжете да разговарате
Искористете ги предностите на модерната технологија - користете го е-маилот, мирцот, телефонот, пораките, писмата ако сакате.
Праќајте си мали поклони за да си докажете колку се сакате.
Изненадете го со јавување - освен во времето во кое вообичаено се слушате јавете му се на партнерот само за да му кажете те сакам.
Водете дневник за тоа што работите секој ден во неделата и можете да го поделите тоа со партнерот секој пат кога ќе се видите.
Повторна средба
Кога повторно ќе се најдете заедно, постои можност и двајцата да си имате изградено некоја совршена средба, но обично средбата не одговара на замислената.
Многу од паровите потоа се разочарани и фрустрирани бидејќи работите не излегле онака како што очекувале и може да се случи наместо да водите љубов - вие цел ден да го поминете во тишина и да се расправате за тоа.
Ваквата ситауција може да се одбегне со разговор за тоа како сакате да изгледа вашата средба, и запомнете потребно е некое време да поминете заедно за да се привикнете повторно еден на друг.
|