Од ден на ден со сите сили се трудиме да ги сватиме тие машки “створови”, а разочарувањата не тераат да мислиме дека тие стварно се од Марс, а жените од Венера. Колку ние и да се трудиме машките секогаш ни поставуваат некои нови теории кои се несватливи за нас. За тие теории ние не наоѓаме решенија и тие остануваат за нас неоткриени како и машките.
Работата е толку едноставна: според старосната група ги типувавме машките ментални склопови кои ќе ви поможат да го сватите нивниот однос спрема жената.
20-24
Години на колебања
Во раните дваесетти машките се во фаза на транзиција и затоа страствено се заљубуваат, но со малку труд и се одљубуваат. Тие промени предизвикуваат хормонална бура на физичка и ментална релација: телото сака да испроба се, а умот сака слобода и неазависност.
Можеби кога сте сами тој е толку сладок, но кога сте во друштво тој како и да не ве познава. Дечкото кој во еден момент е спремен да го истетовира вашето име на градите, а во друг момент се однесува како да не постоите, сеуште не е созреан за врска и не можи да ги искажува своите чувства затоа што и тој самиот не ги разбира. Сеуште не е убеден дека треба да ги заборави сите тие слатки девојки кои му го креваат адреналинот.
Профил на љубовта: ако мисли дека вие сте една од првите девојки во кои се заљубил, ќе мисли дека му се оствариле сите сонови и тоа ќе го покажува со однесувањето. Спремен е кон вас да се однесува како со кралица и да направи се за вие да сте задоволна.
Во креветот: врзете се. Дечкото е во цутот на неговата сексуалност, што значи дека ќе биде спремен на чести сексуални испади. Тој не е само напален, туку со сексот ја покажува својата длабока врска со партнерката.
Значи што повеќе ве сака, повеќе ќе сака да ја посетувате спалната соба. Неговите љубовни вештини на тие години ни малку не се досадни, никогаш нема да дознаете што ќе ви покаже, па веројатно нема два пати да водите љубов на ист начин. Неговата потреба е да истражува нови телесни задоволства, па на вас е да уживате.
Степен на поврзаност: иако можеби ве опсипува со малку внимание, но сепак е подготвен да створи трајна поврзаност. Во овие години доста важни му се пријателите и нивното мислење за вас. Ако сакате повеќе задоволство имајте трпение и не вршете притисок, за да не чувствува потреба да исчезне од вашиот живот.
25-29
Стравот од врската исчезнува
Според истражувањата кои се направени на машките помеѓу 25 и 29 година нивната 27 година е преломна во нивниот живот. Тогаш почнува борба помеѓу себичноста и потребата од компромисот кој е неизбежен во секоја врска. Кога машкото во овој период ќе најде совршен плен се наоѓа во конфликтна состојба затоа што не знае што да избере дали жената или другите прилики кои му ги пружа животот.
Профил на љубовта: со одредено љубовно искуство, машкото веќе има прилично реален став кон врската. Тој бара еднаквост и рамноправност. Благодарност на новите трендови кои го донесоа предбрачниот заеднички живот, традиционалниот тренд на запросување полека изумира. Денешните машки не треба толку да се трудат за да добијат секс, па не мораат стално да ве освојуваат или шармираат.
Во креветот: со оглед на тоа дека во тие години тој веќе си изградил сопствен сексуален идентитет, машкото ќе направи се за да ве задоволи на тоа поле.
Степен на поврзаност: од партнерката машкото бара да има се она што има и тој – идеи, ставови, кариера и живот. Смирување со една жена му се чини како добра идеа само доколку и таа ужива во благодетите кои ги носи таа врска. А ако се очекува врска во овој период тогаш може да има мали испади, затоа што гледајќи ги сликите од минатото ќе се сети на сите девојки кои не ги имал, и затоа во моментот кога треба да го направи тој чекор тој повторно се плаши од врзување.
Вашите години се исто така фактор. Ако сте негово годиште тогаш ќе почне да го прогонува мислата дека вие озбилно размислувате за цвeтните аранжмани на столиците на вашата маса. Но не плашете се таа избезуменост брзо ќе помини.
30-34
Пуштање на корења
Во раните триесетти неговиот бурен живот се смирува и се стеснува кругот на неговите пријатели. Според истражувањата 55 % од машките во дваесетата година излегуваат од 3 до 5 пати, а кога веќе ке направат 30 години тој процент се намалува на 15%. Во овој период машките се смирени затоа што до тогаш веќе имале доволно време да ги остварат сите сонови, и да си изградат кариера. Ова е идеално време за женидба затоа што се доволни искусни, а не се истрошени.
Тој сака жена која ќе го сака и почитува за самиот него. Иако веќе е финансиски обезбеден, многу е сигурен во своите вредности и ќе биде скоро невозможно да го смените.
Профил на љубовта: доволно е зрел, па ако сака, и може да покаже вистинска романса.
Со веќе обезбедено финансиски маж може да си дозволите убав одмор, вечери, скапи ресторани без да мислите дали тој ќе има пари за утре. Машките кои имаат 30 години се свесни за своите години и за конкуренцијата која ја имаат, па затоа ќе ве чува најдобро што може.
Во креветот: кога се работи за сексуалниот квалитет зрелиот маж знае дека врховен закон на љубовната уметност е квалитетот, а не квантитетот. Тој од сексот очекува нешто повеќе од обичај, и ќе биде подготвен да експериментира за ве задоволи двајцата.
Степен на поврзаност: со богато искуство зад себе, ваквиот човек ќе биде подготвен да се откаже од своите краткорочни цели. Ако не ни го спомнува бракот, сигурно планира некоја заедничка инвестиција за во иднина, затоа што тој повеќе не се плаши од одговорност. Настапи фазата кога тој сака да пушти корени, единствено што бара од жената која ја сака, е да не оди со него заради неговата финансиска положба, туку заради него. Доволно е зрел за да знае дека тој не е колата која ја вози, ресторанот во кој руча, и куќата во која живее.
35.......
Створен да бира
Машките кои поминале пекол во изминатите врски, не може да се остане без влијание од тие лоши искуства. Затоа е многу пребирлив на која му ја подарува љубовта, и со причина затоа што многу научил во врска со погрешен избор.
Машките кои имаат над 35 години ако одат со многу помлади жени, го сметаат како крајно природно тоа што над нив имаат моќ да влијаат. Ставот бев таму и сум го правел тоа, не ја покажува препотентноста, туку одбранбениот механизам. Со искуството тој се научил да верува во себе и да се надева на своите одлуки, така да е неизбежно држењето на лекции од негова страна.
Профил на љубовта: можете да бидете сигурни дека машките на тие години добро ја познаваат секоја жена, колку и да е самоуверена дека сака да биде опкружена со внимание. Машките знаат дека нивниот рок на употреба истекува и ќе го направат дури и невозможното да ве задржат.
Во креветот: нивото на тестероиди полека опаѓа. Иако можеби нема полн капацитет страсти, сепак има нешто што младите никогаш нема да го имаат – искуство. Тие многу внимание обраќаат на предиграта и водењето љубов со нив е вистинска еротика.
Степен на поврзаност: зрелиот маж сонува за деца исто како и вие, дури и повеќе. Затоа машките кои дотогаш немаат деца ги освојува чувството на цинизам, а женските на тага. Ако сакате пак разведен маж да однесете пред олтар очекувајте проблеми тука. За оние кои пак се навикнале на самостоен живот, ќе ви треба доста енергија да ги ослободите од тој начин на живот.
|