Има многу работи за кои се плашиме да ги признаеме на другите, а и себеси, а тоа е така затоа што се плашиме од лошите искуства. Се чини дека едно од најтешките признанија е ТЕ САКАМ.
Иронично зар не? Па зар не би требало љубовта да ја делиме на сите страни и да ја споделуваме радоста со другите кога сме заљубени? Тоа ќе се случи дури откако некако двацата заљубеници ќе го направиат првиот чекор и ќе стапат во врска. И кои се воопшто тие начини за искажување на љубовта. Во минатото во селските околини момците му ја искажуваа заљубеноста на девојката преку поклонување на цвеќе, јаболко и сл. Нешто поново е искажување на љубовта преку поклонување на поскапи подароци.
Во светот на тинејџерите најслатко искажување на љубовта е во некој диско клуб каде што сме опкружени со куп луѓе и гласна музика.
На некои им е проблем да ги искажат своите чувства затоа што по природа се затворени. Некои не го прават тоа бидејќи се плашат да не му се повторат лошите искуства, а некои кои воопшто немале искуства се плашат од резултатите на првиот обид. На пр. доколку ви се допаѓа некоја пријателка со искажување на љубовта можете засекогаш да го прекинете пријателството, затоа што можеби и на двацата после тоа признание нема да ви биде пријатно, може потполно да не го смените пријателскиот однос, или да стапите во љубовна врска.
Како на некој ќе му кажеме дека го сакаме зависи од ситуацијата во која се наоѓаме. Дали тивко ќе шепниме на прагот на куќата веднаш после добро поминатата вечер, дерејки се под прозорецот или преку романтична порака, изборот зависи од карактерот и од смелоста. Не е лесно да се речи те сакам за прв пат, затоа што тогаш не знаеме кој ќе биде одговоорот, а изговарањето на тие зборови во врската е многу често и лесно. Не знам колку од вас можат да се сетат како се чувствувале во моментот кога вашите сакани ви изјавиле љубов..
Дали мора да бидеме сигурни во чуствата на другиот кога ке ги изговориме тие зборови или се е само ризик како и се друго во животот?
Дали машкото е тој што треба да го направи првиот чекор и дали нив му е помалку неугодно? Сигурно дека не. Некои дури ќе речат дека машките се многу поосетливи од женските и тие можат да речат те сакам дури тогаш кога ќе го чувствуваат тоа (во најголем дел), а за женските тие зборови баш и не значат многу и можат да ги изговараат почесто. А тоа дека машките треба да го направат првиот чекор не е баш вистина, само е прашање на волја и на смелост, иако повообичаено е машките да го направат тоа. Најлоша работа што може да ви се случи е да го лажите, односно да му велите на некого дека го сакате од милиони причини кои се се, само не љубов, па тука влегува и она не сакам да го повредам. Повеќе ќе го повредите да му ја кажите вистината покасно, откако веќе ќе се заљуби во вас.
|