» Битолска Шема
-------------------------------------------
d Кафичи
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Ноќни клубови
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Таверни
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Ресторани
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Пицерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Салони за убавина
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

d
Бутици
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Хотели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Супер маркети
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Култура
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Е - разгледници
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

d
Ваши слики
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .


» Забава
-
------------------------------------------- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Галерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Игри
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Славни личности
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Смс пораки
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Секси линк
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Коктели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Препорачуваме
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Мода
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Здравје и убавина -
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Хороскоп
Вицови
Download - ирање

..

5
20 клучни правила за успешна врска
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Како и се друго во животот успешната врска бара компромиси, дипломатија, многу мудост и труд. Но секој напор се исплатува. Станете и вие една од оние жени за која пријателките велат дека знае како со машките, односно станете машко кое ќе знае како да ја задоволи жената. Прочитајте ги нашите мали совети заедно и потрудете се да смените нешто во вашата врска:

- Немојте да се трудите да се смените еден со друг, прифатете се онакви какви што сте со сите добри и лоши страни. Научете да се цените и пуштете го на површина тоа што е добро во вашата врска, а лошото занемарете го или потрудете се да го решите.

- Бакнувајте се често и страсно, не заборавајте да го правите тоа и додека водите љубов. Машките најчесто го забораваат тоа, затоа со мимики и гестови обидете се да му кажите дека тоа е важно за добар однос.

- Во лошите ситуации бидете и пријатели, сослушајте се доколку имате проблеми. Оставете го вашиот партнер да се искаже и не го прекинувајте, дури покасно потрудете се преку разговор да најдите зедничко решение.

- Немојте да земате се здраво за готово од тоа што ќе ви го каже вашиот партнер. Дури и после бракот однесувајте се како уште да ве нема запросено па така ќе ги зачувате страста и возбудата.

- Хранете ја својата фантазија. Покажете му на партнерот дека имате желби па дури и кога не е време за тоа.

- Бидете горди на вашиот партнер. Верувајте во тоа што го работи, давајте му комплименти, затоа што тој брзо може да заборави дека вие сте личноста на неговиот живот.

- Љубезноста е темел на секоја врска. Ако сте љубезни и симпатични со пријателите, бидете такви и во врската или бракот. Убавиот збор го отвара секое женско срце, но и машките не се неостеливи.

- Зошто не поминете некоја вечер во некој хотел како тајни љубовници. Таквите мали авантури ќе ги оживеат интимните односи во секоја врска.

- По секоја цена спречете вашиот однос да биде само братски. Секако дека треба да бидете пријатели, но пазете да не се оддалечите еден од друг.

- Жените сакаат чисти и миризливи тела. Може да се случи жената да ја изгуби волјата за секс или за било кои други интимни односи доколку машкото ја занемарило својата хигиена. Но не бидете премногу груби, не мора на многу директен и навредлив начин да му го кажете тоа на вашиот партнер. Можете да го викните на зедничко туширање и сл.

- Не ја потценувајте моќта на магијата во вашата врска. Обично почетокот на врската е полн со магија, затоа машки, не престанувајте да бидете принцеви на бели коњи и понатаму задржете ја романтиката.

- Не мачете се со меѓусебни напади на љубомора. Посебно ако некој од вас е прилично емотивен. Пред да направите таков испад на љубомора, размислете дали постои вистинска причина за тоа, или се е само плод на вашиот страв дека ќе го изгубите партнерот.

- Не потценувајте ја важноста на оргазмот. Ако заради неискуство или незаинтересираност вашиот партнер не забележува дека сте лишени од тоа задоволство, не молчете туку преземете нешто во врска со тоа.

- После чевлите, чорапите се другата работа која треба да ги извадите при водењето на љубов. Нема ништо полошо од машко кое води љубов во чорапи.
Нежно објаснете му на вашиот партнер дека вечерва не сте расположени да водите љубов, а не да го направите тоа грубо затоа што може да биде погубно за вашата врска. И одбегнувајте изговорот да биде тоа дека ве боли главата, затоа што тоа е веќе добро познато.

- Уживајте во вашиот брак. Се венчавте за да ви биде подобро а не полошо. Знаеме дека времињата се тешки и дека секојдневно имате грижи и проблеми но обидете се да ги решите заедно. Кога едниот ќе се изгуби другиот би требало да остане приземјен за да му помогне. Насмевнете се самите на себе доколку тоа го можите и пронајдете нешто што ќе ве опушти во моментите кога ќе имате криза. Тоа може да биде некој спорт, вадење на цвекињата, шетање низ паркот и сл.

- Од време на време изненадете ја вашата партнерка со цвеќе или со некој мал поклон. Не е важен поклонот туку важна е намерата. Дочекајте ја на масата со букет цвеќе и музика. А вие него дочекајте го со романтична вечера по долен веш, тоа особено ќе го ценат машките кои цел ден го поминале на работа.

- Бакнувајте ја, гушкајте ја, покажете и нежност, само така жената ќе се почуствува  сакана. Но драги дами, и покрај тоа што машките сакаат фудбал и пиво, не мора да значи дека нема да уживаат во милувањето по косата.

- Немојте да го повишувате тонот, дури и за време на расправија останете при себе, затоа што проблемот ќе се реши, а во сеќавање ќе остане само караницата и нервозата, што идниот пат партнерот ќе го спречи на разговор, затоа што ќе се плаши дека пак ќе ве вознемири.

- Молкот не води никаде. Немојте да се затворате сами во себе и да премолчувате некои битни работи кои не ви се допаѓаат, и немојте да чекате тој да ве праша што е проблемот за да му кажете. Ќутењето штети и на здравјето но и на врската.

 

 


 
 

» 12 совети за прекинување на врската

» Кога жените одбираат ...

» Календар на машките љубовни вештини

» Како да флертувате преку интернет

» Дали знаеш дека те сакам?


 

www.bitolskasema.com.mk - Сите права се задржани