Оставете го на начин на кој вие би сакале да бидете оставен/а. За да откачите некој навистина е тешко да се пронајде вистинскиот начин. Затоа кога оставате ставете се на негово/нејзино место и видете како би му/и било најлесно.
Не се карајте кога ќе имате прилика да го оставите. Доколку се расправавте пред да го оставите, на партнерот нема да му биде јасно дали тоа го направивте заради расправијата или затоа што тоа го сакавте од порано. Затоа никогаш при оставањето не му велите на партнерот дека тој е крив затоа што тогаш сигурно ќе дојде до расправија, а потоа ќе сака да се смирите затоа што ќе мисли дека го оставате само заради расправијата.
Не се чувствувајте виновни. Често кога ја прекинуваме врската сами си ја наметнуваме вината која не постои. Врските постојат за да бидат прекинати, затоа се викаат врски а не брак. Во нив е дозволено да го оставите партнерот и за најмала ситница. 
Пред да го оставите на ливче напишете зошто го правите тоа, и запаметете дека доколку сте цврсто уверени во тоа не дозволувајте убавината на партнерот да ве премисли затоа што внатрешната убавина е поважна од надворешната.
Никогаш немојте да го правите тоа на јавно место. И колку и да сакате да го понижите не правете го тоа на јавно место затоа што може да се најде прилика тој да ве понижи вас.
Дозволете му на партнерот да го каже своето мислење. Немојте да мислите дека врската ќе заврши со ваш монолог. Откако ќе кажете се што имавте оставете го партнерот да си го каже своето и мирно одговарајте на неговите прашања.
Може ли да бидете пријатели? Иако пред врската сте биле добри пријатели, немојте да очекувате дека после прекинот ќе се вратите на старото добро пријателство. Тоа би било измачување и за двајцата.
Немојте да кажувате наоколу за вашата намера. Најлошо што може да се случи е да кажете на некој за вашата намера, па партнерот наместо од вас да разбере од некој друг.......е тоа е стварно лошо.
Не го одолговекувајте крајот. Што повеќе одолговлекувате, прекинот ќе биде се потежок. Замислете да му се случи нешто лошо на вашиот партнер во меѓувреме, и што потоа ќе му речите ... не е заради ова, туку подолго време мислам да те оставам?...
Немојте да му велите дека уште го сакате. Немојте да се лажете себеси и него, бидејки ако го сакавте немаше да го оставите.
Немојте да го провоцирате за тој да ве остави вас. Таа тактика пали но не за долго време. Бидејќи како што споменавме ќе се скарате за време на расправија и потоа ќе сака да се смирите затоа што нема да ја знае вистинската причина за прекинот.
Бидете искрени. Не е доволно да му речите дека не е во него проблемот туку во вас, туку треба да му објаснете што е проблемот.
Ако мислите дека прекинувате заради некој негов недостаток тогаш подобро е да разговарате за тој недостаток отколку да прекинете за него, сепак секој заслужува шанса за да се поправи доколку тоа го сака, нели.
|