Ако некогаш помислите дека не го сакате повеќе вашиот партнер, тогаш пред да
прекините потрудете се да ја вратите заљубеноста, затоа што можеби само повремено сте се оладиле, па подоцна ќе се каете заради таквата брза одлука.
Ова е добар совет и за оние кои се веќе во брак, а кои мислат декa не функционираат добро.
- Потсетете се како сте се запознале, што почесто сеќавајте се на тие денови.
- Заедно сонувајте и потрудете се да си создадете заедничка иднина.
- Знаете дека чувствата не мора да бидат обострани, тоа што вие сте оладиле не мора да значи дека оладил и тој.
- Размислете за себе, каква иднина очекувате и дали го гледате вашиот партнер како дел од таа иднина.
- Ценете ја различноста.
- Смеете се на различните ставови.
- Прилагодете ги вашите потреби со неговите. Компромисот е секогаш возможен. Двајцата сте еднакво важни.
- Грижете се сами за себе, голема грешка е да очекувате тој да се грижи за вас.
- Преземете одговорност за вашите романтични потреби, ако сакате нешто да кажете направете го тоа на глас.
- Јасно ставете му на знаење што ви е вас важно во врската.
Во подолгите врски а особено во браковите партнерите знаат особено да ја заборават меѓусебната комуникација, разговор се води за децата, кариерата и сл.
Потполно се забораваат темите за чувствата, размислувањата, плановите. По истекот на одредено време партнерите потполно ќе се одалечат така што во еден момент ќе помислат дека воопшто не ја познаваат личноста со која што живеат.
За да ја спречите таа ситуација направете некои од следните работи:
- Оддвоете време кое ќе го поминете како пар.
- Еден ден во неделата излезете на вечера, или на шетање.
- Присилете се на разговор.
- Слушајте се отворено еден со друг.
- Задржете позитивен став и добра волја.
- Не претпоставувајте зошто вашиот партнер се однесува чудно туку прашајте го.
|