Со издавањето на нивниот нов албум "И така натака", кој излезе на 10 април истовремено во Македонија, Хрватска, Словенија и Босна, но беше промовиран официјално во Македонија на 18.06.2008, Леб и Сол со нови ангажмани и спотови. Заедно со промоцијата на новиот албум, Леб и Сол ги промовираа и спотовите за песните "Мандарина" и "Си заљубив едно моме", која е во соработка со хрватскиот рок изведувач Дадо Топиќ.
Промоцијата на новиот албум започна со концерти во Војводина и во Белград и конечно со промоција во Скопје.
Идни планови на групата се настапи во Битола, Струмица и Скопје, како и настап на Охридско лето.
Во тек се преговори за настап на групата во Хрватска и Словенија, во Босна и Херцеговина и Србија.
Концертот во Битола најверојатно ќе биде на 24 јули.
Погледнете ги последните спотови: