Во Кочани се одржува Underground фестивал, за сите заинтересирани да го посетат или да учествуваат во истиот прочитајте ја информацијата која ја добивме.
Писмото го објавуваме изворно:
За разлика од претходните години, оваа година, фестивалот добива натпреварувачки карактер.
Ќе можат да се пријават групи, без разлика дали станува збор за демо или познати настапувачи и сите ќе настапуваат рамноправно.
Во споредба со другите фестивали од овој тип, овој фестивал е во предност заради тоа што публиката ќе гласа за тоа кој ќе ја однесе наградата од 10 000 денари, така да нема простор за „местенки“.
Ќе биде поделен на две предфинални вечери кои ќе се одржат во еден кочански бар (заради преговорите со сопственикот сеуште не се споменува името) и финална вечер на летната тераса во центарот за култура Бели мугри - Кочани.
Снимките со материјалот можете да ги оставите во комисион „Шишко“ -Кочани, на адреса „Бел камен“ 67 Кочани, или да ги испратите во мр3 формат на е-маил gardibald@yahoo.com
Главната награда е 10 000 денари.
