Вчера (09.06.2008) на WWDC конференцијата беше објавен новиот iPhone 2.0 кој поддржува 3G стандарди. Телефонот ќе се продава за само 199 долари за моделот со 8GB меморија, односно 299 долари за моделот со 16GB меморија. Со оваа цена тој е најефтиниот мобилен кој можете да го купите со тие карактеристики.
Првиот модел од iPhone се продаваше во 52 држави во светот и стана мошне популарен, но iPhone 2.0 се очекува да ја зголеми продажбата двојно или тројно, бидејќи тој е потанок, со повеќе бои, побрз (2.8 пати) за работа на интернет, и работи со 3GP со што мошне го надминува претходниот модел.
Првиот модел на пазарот е помалку од една година и веќе 6 милиони луѓе го користат, а неговата цена беше околу 400 долари во основна верзија.