-
» Битолска Шема
-------------------------------------------
d Кафичи
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Ноќни клубови
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Таверни
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Ресторани
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Пицерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Салони за убавина
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

d
Бутици
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Хотели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Супер маркети
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Култура
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Е - разгледници
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

d
Ваши слики
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .


» Забава
-
------------------------------------------- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Галерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Игри
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Славни личности
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Смс пораки
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Секси линк
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Коктели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Препорачуваме
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Мода
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Здравје и убавина -
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Хороскоп
Вицови
Download - ирање

..



...




               ОвенБикБлизнациРакЛавДевица
              ВагаСкорпијаСтрелецЈарецВодолијаРиби
  - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
                         Хoроскопски знаци и професии
Дали постои и каква е корелацијата помеѓу поединечни професии и астролошките знаци? Ќе биде интересно да се погледнат статистичките податоци, а со тоа да се истражат дејствувањата на поединечните знаци во поединечните професии. Многу е вероватно дека ќе наидеме на некои правилности. Овде ќе проанализираме кои професии се најсоодветни за одредени знаци и накратко ќе објасниме зошто е тоа така.

Oven
Овен (21.03 - 20.04)
 

Овие активни луѓе не сакаат и не можат да мируваат. Понекогаш им недостига стрпливост за задачата да ја извршат до крајот. Секогаш можете да ги најдете во близина таму каде што се организира некој нов проект. Отворени се и искрени и секогаш бараат чисо поставени и едноставни задачи. Заради сите овие работи најмногу би им одговарало да се занимаваат со спортот, како на пр. да бидат професионални спортисти , тренери или спортски доктори. Често во овај знак се препознаваат и некои војсководци од минатото , затоа што во војската се е јасно и кратко. Заради својата смисла за хумор во овој знак можат да се пронајдат и комичарите. По природа се индивидуални па не се ретки и случаите да отворат сопствена фирма и постојано да смилсуваат некоја нова фаза од работата. Ако се одлучат за музика, тоа подразбира дека се рокери.

Oven
Бик (20.04 - 20.05)
 

Важно ми е да имам -  тоа е мотото на биковите. Сите работи кои се во врска со недвижности му одговараат. Знааат да ја соберат, оплодат и задржат парата, а истото се случува и за некои други работи. Влетувања во ризични бизниси е поим кој за нив е непознат. Економисти се во секоја смисла. Ако основаат сопствена фирма тогаш сигурно се работи за конкретна работа, од покрупен карактер, која бара претпазливи чекори. Заради влијанието на Венера имаат смисла за убаво, и многу од нив можат да се занимаваат со козметика, естетика или едноставно со цвеќе. Исто така можат да бидат одлични кувари, а специјалности им се вистинските гурмански јадења. Што с еоднесува на музиката можат да бидат интерпретатори на различни жанрови на музика.

Oven
Близнаци (21.05 - 20.06)
 

Заради својата двојна природа тие се луѓе кои можат да работат две работи истовремено, но најдобро му оди доколку се поврзани со комуникацијата. Овие мајстори за зборување кои мислат со брзината на светлината лесно ќе се препознаат во работните места кои бараат зборување како: телефонистка, секретарка, адвокат, писател, говорник, новинар, лектор, трговски патник, фотограф, туристички водич или моден стилист. Заради својот талент со странските јазици и заради желбата за патување многу ќе му одговара работа во туристичка агенција. Снаодливи се и можат да се снајдат во било која работа која бара брзина и снаодливост. Важно е работата да не им е досадна и да е поврзна со контакти со луѓе. Но се што бара повеќе напори не ги привлекува. Побрзо би работеле две полесни работи отколку една но тешка.


Oven
Рак (21.06 - 22.07)
 

Склоноста која ја имаат кон својот дом и кон својата домашна околина можат да ги направат овие луѓе добри домаќини па можат да се снајдат како одлични угостители. Уште па ако работата се спојува со некое место кое е блиску до вода нема да има посреќен од него. Но под својата “маска“ тие сепак кријат една количина на амбиција, па знаат да се впуштат и во поголеми проекти.Многу добро ги служи помнењето, па можат да се снајдат во работа која бара одговорност. Можат да се снајдат во сите форми на уметност, каде што се добро прифатени од публиката. Доказ за тоа е дека не малку од познатите сликари се родени во овај знак.

Oven
Лав (23.07 - 22.08)
 

Важно е да биди центар на вниманието и да раководи со другите луѓе. Нивната потреба да бидат главни најчесто ги доведува во нивното природно опкружување- театар. Публиката им е многу поважна на нив отколку на делото кое го изведуваат. Глумци со јака драматичност , новинари на повисоко ниво, мајстори на расплетот во филмот- затоа што големината е она што им е потребно. Ако не директор (затоа што не се прави мајстори на науката) тогаш барем шеф на некој оддел во фирмата би била вистинска работа за лав. Заради тоа што се склони на луксузот и заради тоа што поседуваат доза на препотентност, знаат да се најдат во разни видови на шпекулации, а не се жалат и на работа поврзна со драгоцености  или спортски менаџер.

Oven
Девица (23.08 - 22.09)
 

Неуморниот работник на Зодијак вечно е на услуга на другите луѓе. Затоа и се наоѓа во работите кои се од таков карактер - во услужните дејности ( но тој е келнер а не шеф), козметика а посебно медицина и фармација. Тоа е така затоа што и самиот води голем грижа за своето здравје. Нивната прецизност може да се искаже низ точно одредени дози на лекови или храна. Заради својот интелектуел и склоноста кон анализите, добри се и како критичари, аналитичари на разни теми, а можат да бидат и професори. Добри се како стилисти, затоа што имаат истанчено чувство за отменост.

Oven
Вага (23.09 - 22.10)
 

Ако бараме министер за надворешни работи, гласам за вага. Толку смисла за дипломатија а истовремено потреба за правда, ретко кој знак го красат овие квалитети. Префинетоста и елеганцијата можат да ги одведат во друштво на добро познати луѓе, па можеме да ги пронјдеме како уметници во сите покажувачки дејности, како што се не само глумци туку и манекени, архитекти... Се работи за смилса на складност и убавина , но на еден повисок ранг. Ако некој се одлучи за правник тогаш тој ќе биде меѓу најдобрите.

Oven
Скорпија (23.10 - 22.11)
 

Хирургијата е нивната професија, а и војните занимања не им се непознати. Таму каде што треба стратегија можеме да ја препознаеме шкорпијата. Заради нивната склоност кон опасности тие често можат да се најдат како криминалисти, истражувачи, инспектори или правни детективи. Ако се одлучат за уметност, мотивите за нивните слики се секако предизвикувачки, а најчесто еротски. Со тоа што имаат многу барања можат да бидат и шефови, кои ретко кои работници му се потполо предадени. Можат да бидат и одлични хемичари.

Oven
Стрелец (23.11 - 21.12)
 

Сите видови на извишени занимања одговараат на овој знак од племенита природа. Најчесто се доктори од различни струки, а и многу свештеници го носат ова знак. Од друга страна можат да се изродат како одлични правници, па и дипломати. Ништо што е далеку не им е непознато, нивните погледи на светот и животот се широки, па сите дејности кои се поврзани со патувања и тоа на оддалечени дестинации би биле одлични за стрелецот.., поморци, светски патници. Често се наоѓаат во спортските активности, било како спортисти, спортски менаџери или спортски организатори.

Oven
Јарец (22.12 - 20.01)
 

Потполно свеси дека не е злато се што свети, овие маратонци бараат маратонски занимања. Сите активности каде што се бараат долгорочни вложувања, било работа или пари, со сигурни плодови, му одговараат. По својата природа доаѓаат на водечката позиција во секоја работа на местото шеф. Способни да ја контролираат ситуацијата во секој момент, му овозможуваат на своите соработници гаранција и сигурност. Одлични се како директори на сите видови работа, организатори, а затоа што ја сакаат земјата и природата можат да се најдат во ареологијата, полјоделството, градежништвото ... Знаат да запливаат и во полоитичките води, но само додека тоа нив им одговара.

Oven
Водолија (21.01 - 18.02)
 

Мамо кога ќе пораснам ќе бидам падобранец, а ако не тоа барем астронаут. А можеби ќе смислам и некое ново занимање, кое никогаш до сега не било работено.  Тоа обично го вели малата водолија. Секогаш сака да е различен од другите, и се што е ново и модерно му одговара. Лесно ќе се снајде во компјутерската технологија, авијацијата се до атомската еннергија. Склони се на сите видови на телевизиски работи, дали како автори или техничари. Заради хуманоста која ја поседуваат можат да бидат борци за човекови права, да работат во разни добротворни и невладини организации.

Oven
Риби (19.02 - 20.03)
 

Сите видови на уметности особено им одговараат .Ионака живеат во сопствен живот, па не му претпоставува проблем да живеат во светот на музиката, сликата, филммот, танцот. Ако не се уметници тогаш се занимаваат со се шо ќе стигнат, можат да работат во некои повлечени занимања, на пр. во лабораторија, болници (главно како медицински сестри) а и манастирите не им се непознати. Можат да бидат добри психолози и психијатри, под заклетва дека нема да го изгубат сопсвениот ентузијазам. Му одговараат работи поврзани со вода или море, па можеме да најдеме доста морнари, рибари или стручњаци за бродоградба.

 




                    

www.bitolskasema.com.mk - Сите права се задржани