» Битолска Шема
-------------------------------------------
d Кафичи
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Ноќни клубови
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Таверни
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Ресторани
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Пицерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Салони за убавина
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

d
Бутици
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Хотели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Супер маркети
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Култура
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Е - разгледници
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

d
Ваши слики
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .


» Забава
-
------------------------------------------- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Галерии
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Игри
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Славни личности
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Смс пораки
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Секси линк
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d
Коктели
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Препорачуваме
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
d Мода
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - -
d Здравје и убавина -
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Хороскоп
Вицови
Download - ирање

..



...



    ОвенБикБлизнациРакЛавДевица
   ВагаСкорпијаСтрелецЈарецВодолијаРиби
  - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - Годишен хороскоп 2008

Oven
Овен (21.03 - 20.04)
 

Моментално не сте баш во најдобра форма, не блескате со полн сјај. Вашата здравствена природа сака постојано да е во движење, затоа што така се осеќа корисно и продуктивно, но како некој да ве кочи, и ви ги запира чекорите сега и во текот на изминатите месеци од прошлата година, што ќе го осетите во текот на јануари оваа година.Иако добриот Јупитер ви испрати моќна поддршка, сепак вие делувате со половина од вашиот капацитет. Зошто? Вашиот владетел Марс е во ретроградна состојба, односно привидно оди наназад, а уште и знакот Рак беше во опаѓање, што ја ослабува неговата снажна енергија, како и неговиот ентузијазам. Моментално Марс е присутен во знакот Близнаци но сеуште е во ретро фаза и ќе биди се до 30.01.2008, од тој период натаму ќе живнете и ќе бидете расположени и спремни за акција.Меѓутоа Марс се враќа во знакот на Рак  во март и ќе остане таму до мај 2008, кога ќе влезе во знакот Лав и тогаш вие повторно ќе ги раширите крилата и ќе бидете полни со ентузијазам и оптизмизам и ќе бидете со вашата потполна енергија. Оваа година треба да биде особено важна и продуктивна на професионален план, но ќе биде полна со искушениа и предизвици, затоа што Јупитер се наоѓа во вашиот знак и ќе предизвика  напната ситуација со вашиот знак, што ќе ве мотивира, затоа што вие сакате акција и борба, па вашата упорност ќе добие стабилност.Ќе имате доволно енергија и волја за да можете да обрнете доволно внимание на сите предизвици и искушенија, и притоа да го извлечете од нив она најдоброто.  Се Сепак настојувајте да пливате исклучиво во познати води, затоа што нема да ви се укаже можност да пливате во нови води, ообено не во пролетните месеци кога МАрс ќе биде во знаот на Рак, затоа што тој сака да се враќа назад и да ги обавува задоцнетите рабпти. Од средината на мај ќе можете да си дозволите да се пинете во нешто ново и предизвикувачко. Во јули и август ќе бидете посебно расположени за работа иако е време за одмор. Ова ќе биде поволен период за тие што се бават со угостителство.

Од мај во вас ќе цвета и љубовта и страста...Ќе бидете особено магнетни за спротивниот пол и ќе бидете освојувачки расположени.Само, внимавајте емотивната врска во кој ќе се најдите ќе се одликува со прекумерно страст,а страста не се одделува од љубомората, така да љубовта ќе биде бурна, полна со предизвици и непредвидливи ситуации , но вас тоа и ви е потребно, вие сакате љубов која е зачинета...Вас ве возбудува тоа што партнерот ви се спротивставува и ви се заканува . Тоа за вас е афродизијак. За оние кои се во долга врска, септември ќе донеси хармонија и разбирање со партнерот,почеток на нешто многу поромантично, така да многу ќе одлучат да одат пред матичар.
 

Што се оснесува на здравствената ситуација, од мај ќе бидете во потполна форма, но во текот јули и август припазете на вашето здравје затоа што може да биде нарушеноо заради претерани активости и неуредна исхрана во текот на тој период.

 

 

Oven
Бик (20.04 - 20.05)
 

Нема сомнеж дека оваа година е година на успех и благосостојба, напредок во кариерата и на материјален поглед, затоа што Јупитер од знакот Јарец многу поволно делува на вашиот знак, како и Сатурн од знакот на Девица. Додуша Сатурн ќе ви одлага некои ситуации и ќе ви пролонгира некои добри прилики, но само да ја провери вашата упорност  и стрпление, но секако дека вие се ќе искористите во вистинско време и на добар начин. Немојте да брзате со одлуки, затоа што веќе сте научиле дека вистинските прилики секогаш одново се случуваат. ХАрмонијата, успехот на работата со која се занимавате ќе биде евидентна , па заработката сигурно ќе биди задоволителна. Успехот е огромен, па многу луѓе во овај знак ќе се подобрат финанскиски, а особено оние кои се занимаваат со покрупни бизниси, индустрија, трговија, едукација, а особено Јупитер ќе влијае многу на оние професии и бизниси кои се поврзани со странство, или за оние врсти на работи за кои е потребно да се патува од надвор од границите на нашата земја

Емотивниот план, меѓутоа нема секогаш да биде задоволителен, затоа што со вашето љубовно поле раководи конзервативниот, престрогиот, преозбилниот Сатурн, кој умее да донесе судбински љубовни врски, но во исто време е мн рестриктивен што значи дека ќе мора да дадете се од себе за  да ја задржите покрај себе, личноста која ја сакате. Потребни ќе ви бидат додатни стимулативи за да можете да ги задоволите потребите на вашиот партнер. Сатурн бара приврзаност и верност, шшто нема многу да им се допадне на повеќето од биковите затоа што тие сакаат флерт и авантура, што Сатурн баш нема да им го дозволи. Во обзир доаѓаат само длабоки страсти и искрени љубовни врски, кои бараат голема жртва и посветеност. Ако ги исполните тие услови ќе бидете неверојато среќни во љубовта. Ќе биде добро да го искористите ова судбинско време во љубовта, затоа што тоа се случува еднаш на триесет години. Оние кои долго чекаат на дете,односно на зачеток на дете, ќе можаат во оваа година да го отварат сонот.

Вашата слаба точка оваа година е полето на комуникации, во периодот од јануари до мај, особено со машкиот дел на популацијата  и со некои членови од фамилијата. Во текот на пролетта ќе бидете осетливи на туѓите коментари повеќе од обично, ќе бидете во ситуација да лесно моѓете да се изнервирате и погрешно да сватите некој збор од страна на соговорникот. Уште нешто, ако планирате да купите автомобил, одложете го тоа за покасно.

 

Oven
Близнаци (21.05 - 20.06)
 

Комуникацијата е ваш терен и тука единствено небото ви е граница. Интелигентни сте, имате речник, шармантни сте, дури и снаодливи во дадени моменти и  другите сакаат да ве слушаат и да ви се восхитуваат. Поради Марс, кај Близнаците, во текот на јануари и февруари ќе имаат огромен прилив на енергија и лесно ќе ги постават и остварат своите цели. Но, поради ретроградниот Марс (привидно оди наназад до 30 јануари) и ретроградниот Меркур, кој исто така оди наназад, во периодот од 28,01 до 19,02 може да се најдете во ситуација која ќе ве предизвика бурно да изреагирате (се поради големиот прилив на енергија) и тоа во полето на комуникацијата. Потрудете се да не избувнувате и пробајте да контролирате што зборувате. Задржете го својот близначки хумор и шарм како свој адут. Близнаците се склони кон респираторните проблеми, како што се бронхтис, ларингитис, чувствителност на дишните органи. Ако ви се појават овие проблеми, преиспитајте се себе си, дали сте имале проблеми во комуникацијата,неколку денови пред почетокот на "болеста" и запрашајте се каде сте претерале...

Во декември 2007 година, Јупитер се здружи со Плутон во Стрелец, вашиот спротивен знак и во опозиција со вашето сонце. Поради тоа оваа година би требало да биде припрема за ширење на среќа во секоја област во вашиот живот која ќе настапи во 2009 година, со влегувањето на Јупитер во Водолија, знак кој е хармоничен во односот со Близнаците. Припремете го теренот за тоа бидејќи оваа година е идеална за смислување на идеи, бидејќи Јупитер во 2008 година го транзитира вашето поле на трансформација и регенерација, што претставува и парите што доаѓаат од другите, но и можност и некое поголемо кредитирање. Тоа значи припремајте го теренот, собирајќи пари на големо, за да ги вложите во некој голем проект во 2009 година, во која почнува голема влезна линија на вашиот професионален и материјален успех, кој пак ќе продолжи во наредните неколку години. Во оваа година веројатно ќе вложите многу напор во било што да правите. Внимавајте да не преземете премногу обврски. Наместо тоа, завршете го она што сте го започнале на најдобар можен начин. Тајната за вашиот успех лежи во тоа да длабоко земете воздух и го забавите својот ритам. Не е доволно тоа да го направите само физички туку и ментално, што е многу важно за вас.

Во оваа година ќе се разгорат вашите љубовни страсти. Еротскиот живот ќе ви биде на многу важно место во вашиот живот. Како да ќе се разбуди заспаната ѕверка која ќе тргне по својот плен... Уживајте во љубовта и страста, бидејќи време е да сретнете идеален партнер (период април, мај, јуни, како и септември и октомври). Ќе бидете повремено и бунтовнички расположени, поточно оние од втората декада, поради "ракетното гориво" кое ви го испраќа, оргиналниот и бунтовен Уран од Риби. Време е да се означите Близнаци и да исполните она што е најдобро, а е скриено во вас, бидејќи осмата куќа во која ви транзитира Јупитер означува и "рудник кој го криеме во себе." Пронајдете го својот дијамант и украсете се со него!


Oven
Рак (21.06 - 22.07)
 

Се досега вашето размислување беше да мора да чувате она што имате, бидејќи живееме во светот на маките и несониците. Раковите често собираат и она што треба и она што не треба. Заборавете на минатото, на она што слушате во медиумите (бидејќи секогаш се грижите и сте песимистични што и да слушнете, бидејќи Рак е знак на народните маси и поврзани сте цврсто за човештвото и неговите грижи, вие сте мајка на светот) послушајте го своето срце и слушајте го гласот на својата интуиција. Со години сте потпора за другите вие сте онај кој што ги слуша вие сте онај на кого сите му се обраќаат кога ке се најдат во некоја криза, и таа улога ви годеше. Но неодамна свативте дека треба и да си посветите малку време и за себе. Тоа и ќе го направите.Можеби ке си купите куќа на море некаде каде што ке се чувствувате пријатно.Можеби ке го промените станот или ке се преселите во друга држава.или ке се ожените или ке се разведете.Во секој случај во наредните три години ке живеете потполно поинаку отколку досегашниот начин на живот.Уран кој се наоѓа во близина на вашето сонце особено на оние кои се родени во втората декада ќе им ги олесни промените кои што следуваат.Возбудени сте за она што ви се случува и отворени сте за нови идеи.Како што ќе се отварате ќе стекнувате нови пријателства, познанства и љубовни достигнувања во вашиот живот. Периодот од 4 март до 5 мај е идеален за вашиот нов дневен распоред. Можете да почнете на пример со џогирање, вежбање во теретана или да го промените начинот на исхрана.Сега е поволно време да се откажете од пушењето или од некои други навики кои влијаат штетно по вашето здравје.Бидете внимателни да не западнете повторно во чувство на несигурност и песимизам кои непотребно би ве вратиле наназад. Вашето тајно оружје е фантастичниот смисол за хумор, користете го тоа оружје и вашите ружи ке процветаат.Ова е така поради тоа што во почетокот на 2008 година Плутон влегува во знакот на Јарецот а таму се наоѓа и јупитер кој е благонаклонет  спрема вас. Тие со своето зрачење од спротивниот знак Јарец ќе ви дадат чувство на сигурност и безбедност. Веројатно ќе сватите дека не треба да ги потиснувате своите чувства како некогаш. вашиот начин на размислување се менува, држетесе до својот курс и верувајте во себе. вашите професионални цели се менуваат уште при првата година на работа. Наместо да ги негирате потрудете се да ги следите и да ги прифатите во духот на промените.Оваа година е идеална да ги остварите некои застарени работи коу долго чекаат да се реализираат.

Oven
Лав (23.07 - 22.08)
 

Влезот на Јупитер и плутон во знакот на Јарецот оваа година, ќе означи за вас многу плоден период на работен план, но од мај, кога Марс ќе влезе во вашиот знак (исклучок се оние кои работата им е поврзана со странство или било кое место кое е подалеку од вашиот дом). До тогаш ви претстои период на непредвидливи случувања. Промената на околностите и неочекуваните ситуации ќе наметнат потреба на поголемо прилагодувања, посебно на планот на работата и кариерата. Нема секогаш да бидете спремни, ни расположени за отстапките кои се очекуваат од вас. Надразливоста и “краткиот фитиљ” ќе ви смета во успешно обавување на задачите, но во согласност на меѓучовечките односи, посебно во март и април. Ќе бидете затрупани со работа и обавези, а семејнатата ситуација ќе бара повеќе внимание и осетливост за настанатите проблеми. Но ситуацијата тотално ќе се промени од мај и вие ќе ги преземите работите во ваши раце. Ќе засјаете во кралевско светло, онака како што само вие можете, ќе бидете достоинствени, шармантни и магнетични. Ќе постанете повторно господар на ситуациите.
Во текот на летото, а особено во септември, ќе ви се чини дека небото ви пружа прилика за остварување на некои ваши амбиции. Добриот распоред на планетите во кариерата ќе ги забрза работите на тој план. Предодредени сте за успех, завршување на започнатите работи, па и започнување на нови. Имајте на ум дека септември е идеален за воспоставување на добри односи со фамилијата, но и совршено време за започнување или остварување на љубовните сништа, како и влез во брачните води. Толку ќе бидете оптеретени со партнерот или партнерката, па безрезервно ќе ја искажувате својата љубов. Времето е идеално за почеток на нови врски, за ренесанса на старите и почеток на брачен живот. Што и да започнете ќе бидете презадоволни и исполнети.
Претстојните денови би можело да ви останат во памтење по бурните и необични љубовни згоди и превирања. Ќе има моменти во кои љубовниот живот ќе ве подсети на сценарио на некоја сапуница. Со својот пристап и лубовните ставови ќе предизвикате лавина на случувања, не внимавајќи при тоа за она што би можело да произлезе од сето тоа. Вашите ментални ставови и интелектуален капацитет ќе биде тесно поврзан со емоциите. Така да ќе бидите занесени. Но ако!

Што се однесува до здравјето, Јупитер во вашата куќа на здравје ќе биде голем заштитник оваа година, но во текот на март и април употребете ја својата моќ на самоконтрола, оттргнете се од вишокот на стрес и негувајте ја културата на здрав живот. Поради напнатоста и тензијата на која ќе ве изложи Марс во знакот на Ракот, можно е растење на притисокот и брзо чукање на срцето, но сето ова е само заради набиената енергија во желудникот. Јадете лесна храна, не ги оптеретувајте органите и се ќе помини без никакви проблеми.
Oven
Девица (23.08 - 22.09)
 

Сатурн го превзеде вашиот знак од 2 септември и ќе остани тука уште две години при што ке се стреми од вас да ја покажите својата самоконтрола, смислата за ред и организација, моќта на логично размислување кое нема да ви биде толку лесно и кое не е вашата најака страна. Многу работи од тоа ќе ви се случат во наредните две до три години, посебно се она што го чекавте со години и сето она што требаше да го направите многу одамна. Сите оние кои сеуште не влегле во брачните води, а долго време сте го посакувале или одолговлекувале, конзервативниот Сатурн кој ја сака традицијата ќе ве натера на тој чекор. Ако не сте биле во ситуација да имате принова во вашата фамилија или повторно сте го одолговлекувале тоа или на тоа сеуште се немавте одлучено, тој на тоа ќе ве убеди и натера да го направите сега. Сатурн ќе ви даде сигурност и стабилност, но исто така ќе ве изложи и на препреки и искушенија на секој ваш план, за да секогаш кога вам добро ќе ви изгледа да ја изваде својата воспитна палица и да го добиете сето она што вистински го заслужувате и да ве однесе во височините или да ве донесе до дното. Но, треба да ги помините сите негови тестови ...Јупитер во Јарецот во вашата куќа на љубов, забава, креативност и фамилија, ќе ви донесе среќа и просперитет и ќе ви се случат многу добри и позитивни работи но сето тоа во договор со Сатурн, затоа што оваа година ќе се наоѓаат во меѓусебна соработка. Кога се тие во хармонија, и кога ви даваат поволни можности и среќа на било кој план, тогаш тоа трае долго и трајно што значи дека во оваа година ќе сретнете вистинска и трајна љубов и ќе добиете принова и ќе бидете многу креативни и работно успешни. Тоа нема да се случи во првите два месеци затоа што ќе се наоѓате во напната ситуација од Марс во Близнаци кои ќе се наоѓаат во истиот квадрат со Сатурн.

Во јануари и фебруари, работа, кариера и односи со авторитетни соработници, а можеби и некои нови пријателства. Се осеќате како да се движите по недоволно познати стази, и не се осеќате секогаш баш најдобро. Повремено ќе се осеќате и несигурно, што ќе ве исполнува со бес и лутина. Застанете ја топката и не делувајте непромислено. На почетокот на март почнува подгоден момент за енергичен старт. Уште малце ќе постојат некои недоразбирања и ќе бидете напнати на работното место. Знаете какви сте вие, претерано работни, педантни и пожртвувани. Разберете дека не се сите толку способни колку што сте вие. Не се обидувајте да ги решите недоразбирањата по секоја цена. Почекајте некои поповолни моменти. Насочете ја енергијата на љубов и пријателство. Јупитер во вашата куќа на љубов и забава ве советува да се движите многу повеќе, посетувајте забави, кина и театри, затоа што оние младите па и оние постарите тука ве очекуваат а можеби и избраникот или избраничката! Движете се што повеќе тоа е услов за добар живот и добра забава што е ваша послаба точка. За оние кои посакуваат својата линија да ја донесат во ред оваа година Сатурн ќе ви го овозможи тоа. Разубавете се и уживајте во животот. Движете се во друштво кое е секогаш насмеано и весело.

Oven
Вага (23.09 - 22.10)
 

Годината која доаѓа, во работен и материјален поглед, нема да донесе полоши, туку само подобри промени во однос на минатата година. Изминатата година некои добри Јупитерови аспекти, на многу од вас им донесе вистински животен пресврт (кој повторно ќе го доживеете во 2009, кога Јупитер ќе биде во знакот на Водолија што за вашиот знак е одлична позоција), створи нови можности,отвори вистински погледи, го промени животот, како од аспект на работата и заработувачката, така и на љубовен план. Вагите кои минатата година доживеаа успех, во оваа година само ќе ја оджуваат настанатата ситуација. Парите, состојбата, љубовта и делото нема да изостанат ни оваа година. Значи секој ќе ја задрже тековната животна позиција. На оние на кои пред крајот на годината им се отворија вистински видици, остварувањето на љубовниот сон, како и патот по кој треба да тргнат, можат во оваа година дефинитивно да очекуваат разрешување на своите егзистенционални проблеми.
Некои хаотични планови и желби можат делимично да ги расипат останатите добри позиции, но аспектот на Јупитер и Уран во текот на април, мај и ноември во вистински час ќе ја смири ситуацијата, носејќи поволни приликии неочекувано добри животни пресврти од кои ќе произлезе успех на работен план и добро материално покритие.
Што се однесува на љубовен план, ова е година на стабилни и трајни чувства, што изгледа необично за важните, деликатни и препобарувачки Ваги, всушност продолжува нешто што е започнато минатата година, само што тоа сега ќе добие квалитет и трајност. Авантуристичкиот дух на Вагата не сака стеги, но оваа година ќе потклекне пред вистинската (и доста побарувачка) љубов. Во престојната ладна зима, срцето на Вагата ќе бие (било женски или машко) побрзо и многу топло … и ќе биде спремно на сите отстапки во љубовта. Со својата љубов можете да ја привлечите и наизглед неосвоивата личност. Жените Ваги ќе наидат на, без сомнеж конкретен и комплетен маж, а пак машките на идеална и комплетна жена. Но, припремете се на тоа да вашиот избраник (избраница) од вас бара многу. Префинетата и прибирливата Вага баш тоа и ќе го симпатизира, бидејќи вие сакате пред вас да видите борец кои ќе загини за да ви се спротистави (вие сте знак кој сака интелектуални вербални препукавања), а од друга страна знае да попушти, да биде мек и заводлив, чудно неодолив … бидејќи вие сакате непрекидно удворување, без разлика колку долго сте во врска или брак.

Бидејќи сте многу дружељубиви, често ќе се наоѓате во големо друштво, па ви е потребно некогаш да бидете сами, да се опуштите и да ги наполните батериите. Уредете го својот дом така да во него створите оаза за опуштање. Едноставно запалете мала светилка и затворете ги очите, пуштете некоја тивка и омилена мелодија и уживајте.

Oven
Скорпија (23.10 - 22.11)
 

Константацијата на планетите, а нарочито добриот аспект на Јупитер со Сатурн и Уран во текот на целата година, покажуваат на тоа дека се работи за многу добра година во секоја смисла како и на работна така и на приватна страна. Изминатата година но и претходните две освен добрите планови и работни движења, ви донесоа и сериозни немири, како и расправии како и на работното место така и во фамилијата, но во оваа година судбината ќе ги израмни сметките помеѓу вас и другите луѓе. Какви се односите со светот и со фамилијата, основните проблеми и препреки за вашиот неуспех во друштвото или во афирмацијата општо, сега можеме да кажиме дека Скорпиите ке се смират со светот, луѓето, животот и дека оваа година ке почнат да го остваруваат својот креативен, работен, интелектуален потенцијал. Во годините кои доаѓаат ќе остварите победа  како работна така и материјална.
Во средината на декември 2007 вашиот владетел Плутон во соработка со Јупитер, што е среќна позиција за сите Скорпии, кои ке се манифестираат во наредните две, три години. Станува збор за вистински огромна заработка и професинален успех , кој што може да се укаже како трајно решение за материјално обебездување. Оваа година ќе биде поволна за сите оние кои се спремни многу да работат, кои се спремни да се впуштат во ризик и направат она кое што со години сте ги одолговлекувале . Својот успех ќе го остварите сами, но ќе искористите и способни поединци од својата околина.
Што се однесува на сентименталниот живот, како и успехот во љубовта, заради Јупитер во вашата куќа на универазална љубов, годината ќе биде наклонета само на оние кои што имаат најстабилна врска, највисок морал и чувства на должност према партнерот и семеен живот. Сакам да речам, ќе биде полно прилики за флерт и авантури, но тие нема да потраат доплго ќе преживеат само оние врски со долг корен, односно оние кои што се засновани на длабоки врски и наклонетост. Времето е идеално и за враќањето на една стара љубов. Додека сега кога исчезна од вашиот живот, свативте колку е драгоцена таа личност и што пропуштивте...Сатурн ќе бара од вас да ја жртвувате својата гордост и да превземате иницијатива, ако мислите повторно да вратите во живот толку голема љубов и страст. Сеуште патите и имате желба за неа. Од вас зависи се! Ова е година за враќање на старите изгубени љубови, искористете ја, бидејќи таа прилика нема да се повтори.

Совет: повеќе движете се, одете на натпревар, на јога, занимавајте се со некој спорт.


Oven
Стрелец (23.11 - 21.12)
 

Изминатата година беше вашата голема шанса, бидејќи вашиот владетел Јупитер раководеше во вашиот знак цела година. Дали ја искористивте? Средината на декември имаше потенцијал да ви донесе голема шанса за работа и материјална добивка, која ќе можите во потполност да ја остварите за наколку месеци, во текот на април, мај, јуни и ноември. Почетокот на оваа година не ви е баш наклонет, поради позицијата на Сатурн во за вас неповолниот знак Девица и напнатиот аспект на Уран во знакот на Рибата, како и Марс во за вас спротиставените Близнаци. Вашиот животен ритам прилично ќе се забрза. Непрестано некаде ќе се брзате, ќе се нервирате за ситници, поради гужвата во сообраќајот. Опуштете се, смирете се и направете листа со приоритети па потоа делувајте. Брзањето ве води до грешки, вербална несмиреност, агресивност и отежнато разбирање со саканата личност. Не ретко ќе се запалите како искра (иако во суштина секогаш сте добронамерни), ќе ја нападнете со остри зборови, а кога ќе се смирите, ќе ве гризи совеста и ќе ви биди жал. Ќе бидите свесни дека се карате за ситници, но тоа ќе биде појако од вас. Тешко ќе го сваќате вашиот жесток темперамент. Иначе, поради положбата на Марс во Близнаците во јануари и февруари, можете да очекувате поголем нагон за љубовна акција. Подобро е вишокот на енергија да го искористите за еротски уживања отколку да се празните преку кавги. Но вие сте добри и за брзо тоа ќе ви помине. Кога ќе навлезе Марс во знакот на Лавот, почетокот на мај, ќе живните и ќе бидете полни со енергија, смеа и хумор, она што иначе ве карактеризира. Вие сте секогаш придвижувач и забавивач на друштвото, било дали сте машко или женско. Толку ќе бидете шармантни, заводливи, така да лесно ќе ѓи освојувате срцата на спротивниот пол. Со немирен дух, доброт расположение, какви и навистина сте, ќе го пречекате претстојното лето кое ќе ви донесе исклучителна љубов кон личност доста постара од вас. Тоа ќе биде нешто за што само сте сонувале, но поради непревидливиот Уран таа страствена врска ќе се прекинува и продолжува, но во потполност ќе се реализира. Но вие сакате предизвици, така да таа повремена неизвесност уште повеќе ќе ве мотивира и ќе ја ојакни љубовта и страста.

Немате причина да се грижите за работната и материјалната ситуација, бидејќи таа ќе биде и повеќе од задоволувачка, а за многу од вас и над очекувањата, особено од септември и натаму. Она што ќе го започнете во текот на април и мај, ќе резултира со финансиски успех во текот на септември.
Oven
Јарец (22.12 - 20.01)
 

Време е да ги симнете темните и “ песимистички” очила и така веќе не се во мода! Сега се во духовниот тренд ведрите, оптимистички бои,  заедно со годината која е пред вас, бидејќи ова е ВАША ГОДИНА, на која чекавте толку долго!
Многу необична година, на еден необичен и чуден знак. На пат  на карпестите планински врвови, Јарецот остава впечаток на исконско студенило. Но, ако се сетиме на физиката: иако карпата тешко се загрева, таа долго време останува топла...Сличо е и со нив. Јарците начесто не брзаат по судбината, односно животот, тие поволните околности , како и среќата ги чекаат трпеливо. Под нивниот студен, заштитнички изглед, нивната маска крие нежно и романтично срце, кое чезнее за љубов, успех и висини. Некаде длабоко, на самото дно на нивниот огромен песимизам,  живее надеж и вера за среќа на Земјата. Еве една година, која на работно- финансиски поглед, поглед во однос на кариерата и општо во животниот пат, ќе донесе победа. Нивниот практичен, математички, готово пресметан дух, без изклучоци, ги остварува зацртаните цели. Тие се кариеристи, и тоа фатални. Престижот е синоним за нив. Ова би требало да биде година на големи успеси и интелектуалците, трговците, уметниците, научниците,работниците и филозофите, како и другите, аналогно на својата професија, одлучно ќе ја прифатат и ретко понудената повлна прилика за која одамна чекаат, за промена на досегашната работа, положба, начин на живот. Нешто што требало да се случи пред две години, се пролонгирало, се развлечило и сега е време поволните прилики да се насочат во негова корист. Ова се однесува на периодот април и мај, како и ноември.
Што се однесува до емотивиот  живот, тие по обичај практикуваат да ги занемарат своите чувства, но за Јарците оваа е година на љубовта која треба да ја искористат максимално, бидејќе месечината е во куќата на љубовта, како и Нептун, кои заедно ќе го омекнат вашето наизглед “тврдо срце”. Нептун знае да ве однесе во љубов која наликува на илузија, а за вас ќе биде многу приземјена и реална, а тоа е повеќе од идеално.
Тие што се слободи покажетеја својата романтична природа. Уживајте во љубовта, бидејќи ќе бидете во ситуација да ви се исполнат вашите соништа. Но, сепак оваа година, е година за напредок во кариерата.
Што се однесува на здравјато, во текот на месец Март можи да имате проблеми со стомакот, нервоза, немири, но Јупитер е тука како ваш голем заштитник така да се ќе помине без некои големи последици.

Oven
Водолија (21.01 - 18.02)
 

Како поминува милениумот, вие ги преиспитувате религиозните и духовните успеси кои сте ги имале цел живот. Можеби тоа нема да ви даде одговор на прашањата кои ги имате. Можеби сте незадоволни, но не знаете сигурно поради што. Поентата е во тоа што количината на вашиот труд и работа на себе не е доволна. Кога подлабоко ќе го испитате тоа поле и да ја зајакнете вашата исклучителна интуиција, ги привлекувате во вашето поле оние луѓе и  искуства кои ќе ви донесат среќа и задоволство. Затоа ве советуваме! Јупитер, планетата не среќата,  но и на религијата и духовноста, влезе во вашето двенаесетто поле кое ја означува длабоката психа, односно вашата најскриена природа која ретко ја откривате пред светот, па и на самите себе. Јупитер ќе ја одигра улогата на ваш ангел чувар, кој ќе ви шепоти што е најдобро за вас. Во тоа ќе му помогне Плутон кој исто така влегува во ваше поле, и ќе ја репрограмира вашата  подсвест, трансформација, односно усовршување на вашите основни идеи и мотиви и самите тие ќе го регенерираат вашот живот. Плутон знае да ве стави и во искушение, материјално да ослабнете, но ќе бидете во прилика да зајакнете духовно и да ви се врати вербата во себе, што е задача на Јупитер, вашиот ангел чувар за оваа година. Плутоновата задача е болката и раните од минатото да исчезнат и повеќе да не ги почуствувате. Ако сватите кои сте и што навистина сакате, Плутоновиот и Јупитеровиот транзит низ Јарецот ќе ви годи. Ова е на некој начин, година на трпеливост и исчекување за вас, што и не е некоја ваша јака страна. Вие сакате ако може се нештото да се направи ОДМА! Оваа година е вовед во следната 2009, која ќе биде година на вашио успех и среќа, бидејќе Јупитер влегува во вашот знак. Вашиот валадетел се уште ќе биде во знакот на Риби, што значи дека Јупитер и Уран ќе имаат замена на местата, што е многу поволно и за Водолиите и за Рибите. Тогаш ќе можете во вашиот живот да направите чудо во сите полиња!

Што се однесува на 2008, патувањата, контактите со странство, случка некаде далеку од вашиот дом ќе ви донесе успех и просперитет, како на емотивен, така и на професионален и финансиски план, најмногу во текот на пролетните и есенските месеци. За сите оние кои не се емотивно врзани или исполнети, љубовта ќе се случи (или обнови ) некаде покрај вода или море, може тоа да биде и во ресторан на вода, или во некој кој има барем фонтана! Битен е елементот на водата. На  вашиот бурен урановски темперамент премногу му прилега водата која го снижува вашиот збркан, секогаш подигнат притисок, бидејќи некако живеете и делувате под тензија. Искулучок се оние со некој од мирните и сталожени подзнаци.
Oven
Риби (19.02 - 20.03)
 

Оваа е година на големи промени во вашиот живот, поради коњукција на  Јупитер и Плутон која се случила во средината на декември 2007 година и со која почна 2008 и чие влијание ќе го осетите и во следните две години со самиот влез на Јупитер во знакот на Јарец, кој е хармоничен со Рибите. Многу сигурно може да се прогнозира успех во работата, како и можност за голема заработувачка. Оваа е година на експанзија на доброто и поради многу поволните  аспекти на Јупитер и Уран, кои ќе се случат во текот на пролетните месеци. Ќе доживеете потполн успех во работата, а исто така ќе се стекнете и со завидно име. Оваа година е вистинска пресвртница во финансиски и работен поглед, како и во емотивниот, за сите оние кои сеуште не се стабилизирани во таасмисла. Исто така нема да изостане и големата заработувачка. Нормално, секој со своите можности, но треба да се знае дека секој ќе доживее, од свој личен аспект вистинска сатисфакција и стабилизација на егзистенцијалните проблеми. И Сатурн од знакот на Девица, ќе попушти во својата строгост и рестрикција и ќе биде милосрден со вас и ќе ви создаде навистина завидни можности за напредок и ќе ви овозможи сигурен успех. Успешните луѓе од сите професии ќе добијат унапредување во работата. Творците  во областа на уметноста, културата, или науката ќе создадат трајни дела и успехот ќе биде потполн. Оваа е кодина на големи потези, големи промени на подобро. Се она сто сте го очекувале многу години, сега ќе ви стане реалност.

Поради Сатурн во куќата на бракот, време ви е (ако се уште не сте) да влезете во брачните води, бидејќи Сатурн ќе ви го донесе судбинскиот партнер, кој би требало да го имата сретнато во текот на 2007, кога Венера во три наврати транзитирала околу Сатурн, а можно е да се случи и враќање на стара љубов.... Па вие одберете, според срцето. Партнерот мора да биде стрплив со вас, бидејќи ќе морате, поради големиот успех и многуте ангажмани, повремено да се “исклучувате” од друштвото. Нема да му биде лесно, но ако навистина ве сака, ќе ве пушти да го “доработите “ тоа што морате, за да му се вратите со полна снага и преполни со љубов за нив. Оваа е година кога конечно се ќе ви тргне од рака. Уште нешто, оваа година исто така е година на пријателства, па многу добро ќе се осеќате во кругот на своите пријатели, најмногу со старите и проверените. Што се однесува до здравјето, во многу добра кондиција сте, а добрите можности кои ви се нудат, ќе го подобрат вашето располозение и енергетското ниво.

 

 




                    


www.bitolskasema.com.mk - Сите права се задржани