 |
Овен (21.03 - 20.04) |
|
|
Морате преку нешто да променете ако сакате да градите иднина. Неопходно е да се извршат темелни промени на ниво на личноста, кои можат да бидат и болни.
Работа: На работа имате домнинантна позиција, па можни се судири со соработниците кои не се ваши истомисленици. За сега, овој сегмент од животот е под контрола. Добро се снаоѓате без никаква помош.
Здравје: Избегнувајте нагли промени, затоа што се можни повреди на главата. Синусите овие денови можат да се активираат, па пожелно е да носите капа.
Љубов: Со партнерот сте во конфликтна ситуација, но токму таа состојба ја прави врската интересна. Тој Ви се воодушевува, а Вам ви е потребна нежност. Се надополнувате.
Совет: Новата година дочекајте ја во друштво на пријатели со добра музика. Таа ќе ви помогне да се опуштите и да заборавите на сите тешкотии. |
|
 |
Бик (20.04 - 20.05) |
|
|
Планови, проекти, нов пристап на старите проблеми... и.т.н. Постои шанса да се измешате. Одморете се и престанете да размислувате за иднината. Уживајте во моментот.
Работа: Работата која ја извршувате има врска со странство, а ако нема, ќе има. Наскоро почнете да планирате патување. Напредок.
Здравје: Нервоза, проблеми со хормоните и жлездите. Кога подобро ќе размислите, се доаѓа од главата. Па кога тоа го знаете, почнете правилно да размислувате.
Љубов: Водолијата е како луда по Вас. Прифатете флерт, затоа што таа се плаши директно да Ви пријде, глуми храброст. Всушност е многу срамежлива.
Совет: Вие би сакале да ја поминете новогодишната ноќ во фотеља пред телевизор со добра храна, но Стрелецот доаѓа непланирано и Ве тера на луда журка. Не ја одбивајте поканата. |
|
 |
Близнаци (21.05 - 20.06) |
|
|
Многу припадници на овој знак се наоѓаат во фаза на духовно будење, бидејќи им смета секоја ситница на тој пат, пожелно е да бидат поистрајни и поупорни.
Работа: Одличен период за сите работи врзани со комуникација, странство, компјутери. Креативноста е појака од било кога, па треба и правилно да ја насочите.
Здравје: Можни се проблеми со слухот или желудникот. Овие работи се поврзани, а благата мачнина е само креација. Не се вознемирувајте заради тоа.
Љубов: Стрелец е идеална комбинација во овој период. Само тој може да Ве исфрли од рамнотежа, но во позитивна смисла. Со Рибата врската е кратка но слатка, па бирајте!
Совет: Најлудата ноќ поминете ја некаде во природа. Топла планинска куќа, многу снег и нормално партнер, го чинат уживањето комплетно. Среќно! |
|
 |
Рак (21.06 - 22.07) |
|
|
Доколку успеете да ги елиминирате факторите кои Ви сметаат, ќе поминете неколку убави и мирни денови. Во спротивно, ќе бидете во ситуација да правите се што не сакате.
Работа: Можни се судири со авторитети, било да се работи за шеф или личности кои се на повисока општествена гранка. Бурните реакции штетат.
Здравје: Можност за повреда е последица на невнимание и брзоплети потези. Секогаш негде брзате, па е пожелно да се забави темпото. Внимателно!
Љубов: Правите исклучителни напори на емотивен план. Еден Овен е минливо решение. Нуди многу топлина и сексуална енергија.
Совет: Најлудата ноќ поминете ја во семејниот круг, во знак на славење со обилни кулинарски специјалитети. Храната одлично дејствува како антидепресив, а и пијалоците.
|
|
 |
Лав (23.07 - 22.08) |
|
|
Опиени сте од среќа. Причината е индивиуална, во согласност со моменталните позиции. Чувствувате дека главните проблеми се зад Вас. Радосно брзате во пресрет на годината што настапува.
Работа: За работата не размислувате. Што било, било! Вие се вртите кон славењето, дружењето...сè, само не работата, која никако не Ви годи во овие свечени денови.
Здравје: Стоплувајте се заради можноста од настинка. Уринарниот тракт изложен на ниски температури може да Ви задава грижи.
Љубов: Сјаен период за најзаљубените души. Без леб, вода и воздух можат да издржат, но без љубов никако. Ќе има многу страсти и докажување на љубовта.
Совет: Кога пропаѓате, тоа го правите помпезно. Најлудата ноќ поминете ја во ресторан, оној со добар глас. Играјте, пејте, па во кревет...
|
|
 |
Девица (23.08 - 22.09) |
|
|
Иако се добро сте испланирале, куп работи ќе Ви стојат на патот. Припремете се за мноштво фактори кои ќе ве спречуваат. Бидете трпеливи и сочувајте ја ладнокрвноста.
Работа: Кој овие денови мисли на работата? Вагите најмалку. Всушност, уметнички ориентираните припадници на знакот не губат време. Ќе има пари!
Здравје: Психичката рамнотежа е малку раздрмана, па пожелно е од опкружувањето да се елиминира се што лошо влијае на расположението. Почувствителни сте од било кога.
Љубов: Лути сте на саканата личност, затоа што не исполнува критериуми. Ја обвинувате за сопствените неуспеси. Размислувате за нова врска. Близнак е во игра.
Совет: Доколку материјалните можности дозволуваат, Нова година славете во луксузен ресторан. Сè е на ниво. На Близнакот тоа не му одговара затоа што е скржав.
|
|
 |
Вага (23.09 - 22.10) |
|
|
Иако се добро сте испланирале, куп работи ќе Ви стојат на патот. Припремете се за мноштво фактори кои ќе ве спречуваат. Бидете трпеливи и сочувајте ја ладнокрвноста.
Работа: Кој овие денови мисли на работата? Вагите најмалку. Всушност, уметнички ориентираните припадници на знакот не губат време. Ќе има пари!
Здравје: Психичката рамнотежа е малку раздрмана, па пожелно е од опкружувањето да се елиминира се што лошо влијае на расположението. Почувствителни сте од било кога.
Љубов: Лути сте на саканата личност, затоа што не исполнува критериуми. Ја обвинувате за сопствените неуспеси. Размислувате за нова врска. Близнак е во игра.
Совет: Доколку материјалните можности дозволуваат, Нова година славете во луксузен ресторан. Сè е на ниво. На Близнакот тоа не му одговара затоа што е скржав. |
|
 |
Скорпија (23.10 - 22.11) |
|
|
Бидејќи сте актер на важни животни промени, чувствувате потреба на некој начин да ги прославите. Полни со емоции, добро расположение и радости влегувате во Новата година.
Работа: Доколку на работа се трошите на личности кои тоа не го заслужуваат, ќе си наштетите самите на себе. Пречувствителноста има цена.
Здравје: Сите проблеми произлегуваат од главата. Преполовете ја дозата на цигари, кафе и жестоки пијалоци, па подобро ќе се чувствувате.
Љубов: Многу припадници на знакот се наоѓаат на самиот почеток на емотивна врска, или на квалитативно нов начин и приоѓаат на старата. Нежноста им е потребан повеќе од било кога.
Совет: Обавезно променете амбиент. Избегнувајте го она што до сега сте го правеле, па планирајте ја новогодишната ноќ во друг стил. Нека се биде ново и необично.
|
|
 |
Стрелец (23.11 - 21.12) |
|
|
Се наоѓате во фаза на експанзија. Доколку не сте свесни за тоа – Ваш проблем. Впрочем, сте се соживеале со состојба која е проблематична, па среќата Ви доаѓа како стрес.
Работа: Многу убави случувања на работа ветуваат унапредување финансиска добивка. Ако сте ученик, ќе добиете џепарлак. Сè е во знакот на иновации и пронаоѓања.
Здравје: Проблемите со срцето се последица на заљубеност, но нервирање за ситници. Бидејќи сте во сјаен период, не дозволувајте болеста да го расипе.
Љубов: Со партнерот делите интима. Тој единствено може да ја поднесе вашата комплицирана природа. Машките припадници на знакот опасно се загреани за една Лавица.
Совет: Вие би сакале и Мара и пара – убаво да си поминете, а малку да потрошите. Е, тоа не може. Дискотека, техно музика, џускање – барем за младите Стрелци. Постарите нека седат дома, или, најдобро, да одат на планина.
|
|
 |
Јарец (22.12 - 20.01) |
|
|
Моментално дојдовте до душевен увид и стекнавте нови сознанија кои Ве исполнуваат, па лесно совладувате проблемите кои ги наметнува околината.
Работа: Кој денес мисли на работата? Бизнисмените во глава превртуваат пари, додека останатите припадници на знакот мислат како ќе да преживеат. Во просек, не им е лошо.
Здравје: Можни се болки во колковите или проблеми со црниот дроб, но не и неизбежни.
Љубов: Стрелец, Стрелец и само Стрелец, под услов да не се свртел по некоја друга. Предложете му одење на пат како би ја направиле врската интересна.
Совет: Елка, подароци, торта, шампањ... Потоа филм во кревет со саканата личност.... |
|
 |
Водолија (21.01 - 18.02) |
|
|
Не можете да се пожалите на финансиската ситуација, а и здравствената е под контрола. Сè на се, имате толку колку што Ви треба. Уживајте додека можете.
Работа: Работната ситуација е под контрола. Оние припадници на знакот кои се на одмор или во пензија уживаат во семејниот амбиент. За нив работи некој друг.
Здравје: Само доколку го злоставувате организмот со храна збогатена со бели отрови, ќе имате проблеми. Жлездите со внатрешно лачење бараат умереност.
Љубов: Со Рибите, Раковите и Стрелците ќе биде лудо и незаборавно, додека за Јарецот само можете да сонувате. Тој е моментално некаде далеку.
Совет: Вам секој ден Ви е Нова година – не и давате посебно значење. Шетањето низ град во полноќни саати – може да Ве потсети на убавите денови.
|
|
 |
Риби (19.02 - 20.03) |
|
|
Имате толку идеи, само кога би биле трпеливи да ги спроведете на дело? Можеби ќе го сторите тоа, ако малку се потрудите. Времето на славење Ви одговара затоа што обожувате дружење.
Работа: Повеќе планирате отколку што работите. На работа делите совети и зборувате. Почувствителни сте на нарушени меѓучовечки односи од вообичаеното.
Здравје: Можни се проблеми со бубрезите во вид на песок или камен. Стоплувајте се и спречете ја појавата на бактерии во мокрачата. Пожелно е да земате повеќе течности.
Љубов: Врската во која сте, површна е. Не исполнува ни трошка од Вашите сонови. Чувствувате потреба партнерот да стори нешто фатално за да Ви ја докаже љубовта.
Совет: Необичен дочек навистина би Ви годел. Ресторан покрај река, со задолжителни рибји специјалитети и тамбураши.
|
|