Во скоро време, Холандија ќе започне со наградување на уличните проститутки доколку добро се однесуваат. Наградата ќе ја добиваат преку бодови кои ќе можат да ги користат за купување на облека, предмети за домаќинство и сл. Доброто однесување подразбира нивно учевство во реализација на планот за помош на проститутките, со намера за наоѓање на друга работа за нив. Во планот исто така е предвидено проститутките да посетуваат работилници каде ќе стекнат знаење и бројни вештини од различни области, што би им помогнало да најдат друга работа.
|
|