Во сојузната Америчка држава Колорадо двајца ограбувачи биле "фатени" на камера како ограбуваат една продавница со танга гаќички на главата.
Надзорната камера ги снимила двајцата ограбувачи, едниот на главата носел зелена, а пак другиот плава танга.
Мошне модерните и иновативни ограбувачи било многу лесно да бидат препознаени од полицијата, бидејќи нивните маски, т.е. танги биле доволно големи за да им го покријат носот, а уште една олеснителност е тоа што на едниот од ограбувачите му се гледа тетоважата на раката.
Во грабежот не е прецизирано колкава количина на пари и цигари е земено.