Стотици голи велосипедисти во главниот град на Мексико, Мексико Сити возеа по улиците незадоволни од однесувањето на учесниците на сообраќајот кон велосипедистите во градот.
Вакви штрајкови, ако може така да се наречат, се одржаа во повеќе градови на целиот континент со една цел, другите учесници во сообраќајот да започнат да ги забележуваат, а како подобро би било отколку да се слечат голи.
До минатата година ова собирање не беше потполно дозволено, но од минатата година на велосипедистите за време на "Денот на голите велосипедисти" дозволено им е да бидат потполно голи.
Овој собир не е во целост замо за докажуавење на останатите учесници во сообраќајот дека има и велосипедисти, туку и докажување дека се помалку треба да се користат моторните превозни средства за да се отстраниме од зависноста на нафтата и да придонесиме за заштита на околината.
