Со наближувањето на Европското првенство во фудбал, Европјаните беа запрашани дали порадо би гледале важен фудбалски натпревар или би воделе љубов. Половината од испитаниците одговориле дека би гледале важна фудбалска утакмица, ова е дел од испитувањето кое го спроведила една британска агенција.
Процентот на одговори во различна земја е различен, како пример, за фудбалот се одлучиле 72 проценти од Шпанците, 67 проценти Норвежаните, 64 Холанѓаните, 62 Германците, 61 процент Британците и 54 проценти од испитаните Швајцарци.
Поради овие испитувања се поставува прашањето дали е поисплатлива порнографијата или фудбалот, бидејќи веќе подолго време стои мислењето дека порнографијата е најпрофитабилната и најскапата професија во светот.
Меѓутоа дел од останатите земји го потврдуваат ова мислење, односно за фудбал во Португалија се одлучиле само
17 проценти од испитаниците, во Италија 25 проценти, Франција 27 и во Белгија 30 проценти од испитаните фудбалски навивачи.
Но сепак сите навивачи би се сложиле со мене дека најдобро е она што е прикажано на сликата подолу.

