Горан Наумовски а.к.а Goran Tech е роден во Битола. „Секој ден бев опкружен со добра музика“ – вели тој. Кај него во домот секогаш се слушала добра музика, од класична до диско, поп, соул и џез. Неговиот прв контакт со електронската музика беше на 14 години, кога почна да слуша и да собира музика од најдобрите артисти на клубската сцена. Влијанија во неговата музика има од настапите на многу диџеи како што се: Carl Cox, Danny Tenaglia, John Digweed итн. Неговата страст за progressive house и tribal зазема голем дел од неговиот живот, посетувајќи големи настапи во клубовите низ целата држава на свои 17 години. „Оваа музика што ја пуштам го одразува мојот начин на живот, моите чувства... опкружен со љубов, среќа и хармонија...“ - вели тој. Денес можете да го видите како член на Fresh Union Promo&Booking Agency во скоро секој клуб наоколу Македонија и соседна Србија презентирајќи ја својата музика.Настапува со скоро сите македонски диџеи како и многу странски диџеи како: Pete Belis (Gr), Selle (Ser), LP(Ser), Rurre (Ser), Dusan Kacarevic (Ser), Jon Silva(Ger), Roelove 73 (Ned) итн... Тој е еден од најталентираните млади диџеи кој прави гоелми чекори за многу краток период. Тој е еден од диџеите на новата ера и секогаш можете да најдете свеж и нов звук во неговите настапи, како што се electro, house, minimal и techno, што значи музиката постојано варира и скоро на секој настап тој звучи различно. „Го сакам пуштањето музика кое е добро за мене и сакам обични комбинации од силен pumpin бас и мелодичен звук насекаде“ – вели тој. Тој живее за музиката, и е целосно посветен како диџеј, а од скоро и како продуцент. Неговите настапи прават да биде почитуван од многу постари и нови генерации љубители на електронската музика... „Добрите работи доаѓаат секогаш како резултат на трпеливоста...“ – вели тој. |