Фолтин ја продолжуваат својата промоција на нивниот петти албум „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не чукала љубовно писмо".
Овој пат со нивната музика ќе бидат задоволени битолските фанови на Фолтин. Петок (30.05.2008) во 20:00 часот во центарот за Култура ќе се одѓи промотивен концерт на новото CD на Фолтин.
Промоцијата на „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не чукала љубовно писмо" Фолтин ќе ја продолжат со натапи на 27 јуни во Prison de Meaux Choconin во Париз, Франција, на 29 јуни Europen Musik Marathon во Еуропен, Белгија, на 4 јули во клуб Purgeraj (Park-in-Zagreb) во Загреб и на 10 јули во МНТ (летна сцена) во Скопје.