На 16 мај во скопскиот мезе бар "Сопотско" битолчаните Фолтин го промовираа својот нов албум „Оваа трансплантирана машина за чукање досега не чукала љубовно писмо“.
Ова е петти албум на Фолтин по Outre-Mer, Archimed (2000), Donkey Hot (2003) и Lo-Lee-Ta-Too (2005). Албумот е составен од пет поглавја односно една композиција со тарење од 22 минути. Композицијата е со нов европски звук кој ќе ги приближи Фолтин до европскиот пазар.
На 27 мај Фолтин ќе се претстават на годинашниот фестивал OFFest.
Светската премиера на албумот ќе се случи на 29 јуни, во Белгија, кога бендот ќе настапи на фестивалот „Музички маратон - Еуропен“.
Новите звуци на Фолтин можете да ги слушните на нивниот MySpace профил www.myspace.com/foltin