Euro 2008 започна со спектакуларно отворање како и што најавија домаќините во градот Базел во Швајцарија. Огромниот број на навивачи кои пристигнаа во Австрија и во Швајцарија беа воодушевени од играта и од изведбите кои го претставија отворањето на европското првенство.
Првиот ден продолжи и со двете средби, едната помеѓу домаќинот Швајцарија и Чешка, која заврши со победа на чесите со 1:0. Додека пак втората средба беше помеѓу Португалија и Турција, која како и многуте претпоставки заврши со победа на Португалија од 2:0:
Утре на програмата повторно се два натпревари, Австрија -Хрватска и Германија - Полска, во 18:00, односно 20:45 часот.
