Заврши и втората рунда од натпреварите по групи на Европското првенство. Остануваат уште четири дена со осум натпревари по групи за да се дознаат сите четвртфиналисти од групите. Досега само Холандија, Португалија и Хрватска се сигурни во четвртфиналето и во сите групи следуваат мошне интересни натпревари.
Најголемо разочарување од досегашните натпревари се Италија и Франција, но тоа и се очекуваше од "групата на смртта" како што се нарекува, неизвесност и возбуда до самиот крај.
Од
ова коло сите натпревари се играат во 20:45, сега следува највозбудливиот дел од Euro 2008.
Погледнете ги шансите и головите на натпреварите одиграни во втората рунда по групите.