
На 7 јуни започнува голема забава за фудбалските фанови, Европското првенство во фудбал 2008 во Австрија и Швајцарија. За титулата ќе се натпреваруваат 16 земји учеснички поделени во четири групи.
За прв пат во историјата на одржување на Европското првенство две земји се домаќини на фудбалското првенство.
Најголем фаворит за освојување на пехарот се Италија, поради нивниот успех на Светското првенство
во 2006 година во Германија, но не можи да се исклучи ниту една репрезентација за освојување на тронот Европски првак.
Според последните размислувања на фудбалските стручњаци најмали шанси имаат Полска, Романија, Шведска, Грција како и Австрија и Швајцарија иако се домаќини на Euro 2008.
Грција победи на Еуро 2004 во Португалија, Хрватска ја освои бронзата во 1998 година. Турција, традиционално „тајно жарче“, го освои третото место на Светското првенство 2002 во Кореја и Јапонија и стигна до четврт финалето на Евро 2000, според овие резултати се е можно, па и изненадување на некоја од Балканските земји кои многу лесно го менуваат својот ритам на игра и можат да дојдат до победа и изненадување на некои од големите тимови како Италија, Германија, Холандија или Франција.
„Нашиот слоган за Евро 2008, „Очекувај емоции“, накусо објаснува што има да понуди Евро 2008, сите видови на емоции -- радост, разочарување, олеснување и големи тензии -- до последниот свиреж“, рече претседателот на УЕФА Мишел Платини.
Вака се распоредени рапрезентациите според групи:
Група А:
- Чешка
- Португалија
- Швајцарија
- Турција
Група B:
- Австрија
- Хрватска
- Германија
- Полска
Група C:
- Франција
- Италија
- Холандија
- Романија
Група D:
- Грција
- Русија
- Шпанија
- Шведска
Кликнете на одредена репрезентација за да погледнете статистики, состав и слично на официјалната страна на UEFA за Euro 2008.
Стадиони на кои ќе се игра Европското првенство:
St. Jacob, Базел

Stadt de Suisse Wankdorf, Берн

Stade de Geneve, Женева

Letzigrund, Цирих

Wals-Siezenheim, Салзбург

Tivoli Neu, Инсбург

Worthersee Stadion, Клагенфурт

Erns Happel Stadion, Беч
Наскоро очекувајте и распоред на натпревари по групи. :)