
Битолската рап група КПУ (Казнено Поправна Установа), е дел од Битолската Underground сцена од 2005 година, составена од два членови Коста Трпчевски ака Freestyler и Никола Петровски ака Crna BT Hronika. Како самостојни изведувачи членовите се дел од сцената од 2003 г. Двајцата членови на групата се уште познати како дел од екипата Сив Дом.
Нивното рапување се одликува со агресивен стил на рецитирање или таканаречен HardCore стил. Тематиките на нивните нумери се во глобала од социјални, или нумери кои го опишуваат секојдневниот живот. Доказ за нивниот музички квалитет е тоа што сами ги пишуваат своите текстови, а матриците кои ги користат во песните се свирени во живо во студио. Прва песна на КПУ екипата е “Ова е за тебе брат” со која се пробија на Битолската Underground сцена и станаа познати кај љубителите на Хип Хоп музиката во градот. Една од најпознатите нивни песни е “Епицентар” во состав на Сив Дом за која имаат и видео спот.
Нивна последна нумера е “Револуција” за која подготвуваат и видео запис и на кој ќе гостува Evil B и која ќе се најди на нивниот деби албум кој го подготвуваат моментално и се надеваат дека ќе биде готов до летото 2008. На нивниот албум најавуваат повеќе изведувачи од многу земји.
КПУ ја претставуваа Битола на Хип Хоп фестивалот кој се одржа оваа година во Скопје, и беше можеби најголемото Хип Хоп случување кое се има случено во Македонија.
Имаат гостувано во повеќе локали низ Битола, Скопје, Прилеп и Охрид како и на Best Fest кој се одржа во Club Castro во Скопје.
Избрани се да исполнат една композиција за компилацијата наречена ТОМ4 подготвувана од DNS продукција.
Покрај спремањето на албумот иден план му е да организираат Хип Хоп фестивал во Битола со “Шанса на микрофонот” или попознато како Open Mic.
|