Брус Вилис е роден Волтер Брус Вилисон на 19 март 1955 година во Германија во близина на границата со Луксембург. Неговиот татко, Дејвид, кој како воено лице беше стациониран таму со својата сопруга Марлин со која пак се разведе во 1971 година. Откако беше ослободен од војска, Дејвид ја однесе својата фамилија назад во Њу Џерси, каде што најде работа како заварувач и работник во фабрика. Брус, кој е најстариот од четирите деца, одеше во средното училиште Penn's Grove, каде посетуваше часови по глумење. Тој бил многу популарен во средно училиште, каде што бил избран за претседател на студентите. Исто така, Брус бил и талентиран борач. Лузната што и денес ја има на раката е резултат од сериозно истегнување. И покрај тоа што тој бил одличен ученик, Брус бил суспендиран на 3 месеци поради тоа што учествувал во таканаречените "годишни побуни".
Откако завршил средно, тој решил да не оди на колеџ, туку се вработил како шофер. Но, Брус ја напуштил работата кога еден негов колега бил убиен на работното место, и потоа се вработил како чувар на нуклеарна централа во изградба. Тој редовно одел по барови каде што свирел на усна армоника. Потоа откако забележал дека некако му недостасува глумата, се запишал на Mintclair државниот колеџ, каде што ги изненадил сите со својата глума во "Мачка на жежок лимен покрив". Но, набрзо се отпишал од колеџ и заминал за Њујорк каде што сакал да започне кариера со глумење. Таму делел стан со уште една актерка која тогаш ја започнувала својата кариера, Линда Фиорентино.
Откако имаше некои мали улоги, Брус полека стануваше се попозната личност во светот на глумата. Но славата на Брус, сеуште не беше толку голема. Тој се прослави глобално со добивањето на Еми и Златен Глобус. Исто така, тогаш започна со снимањето на популарната сега четирилогија Умри машки. После овој филм, Брус стана еден од најголемите актери во Холивуд, кој што може да одбере како филм сака и таков да сними. Има глумено со едни од најпознатите светски глумци како: Самуел Џексон, Били Боб Торнтон, Деми Мур (бивша сопруга), Кејт Бланшет,Моника Белучи, Колин Фарел и многу други. Денес Брус Вилис е исто така и еден од најплатените глумци. За "Хартовата војна" тој заработи 22,5 милиони долари, а имаше и многу голему суми и за "Цели десет јарди" и "Заложник". Овој актер со своето однесување и своите жени е во центарот на репортерите. Брус има излегувано со шпанскиот модел Мариа Браво Росадо, со порно ѕвездата Алиша Клас, Естела Ворен и со чешкиот модел Ева Јасанковска, Моника Белучи и Брук Бурк, која е за цели 23 години помлада од него.
Веќе 20 години голема слава, која и сеуште расте. Не е лошо за некогашниот шофер со име Волтер.