Вашето бебе веќе одамна можете да го облечете во прекрасен фустан, костим или слична облека "за возрасни", но најново е тоа што една америчка фирма започна да произведува и да продава штикли за бебиња.
Компанијата смета дека вкусот за стил и мода се развива уште од мали нозе, па тие тоа го поттикнуваат со правење на штикли за бебиња.
"Слатки и смешни, потполно меки и функционални, овие чевли нема да им наштетат на стапалата на вашите бебиња, а изгледаат мошне забавно" се објаснува на страната на фирмата "Heelarious". www.heelarious.com
Необичните чевли се прават во различни бои и дезени, баш како оние на возрасните. Тие се наменети за бебиња на најмала возраст, до шест месеци.
Од кога излегоа овие штикли за деца ги пратат само лоши критики и коментари.