Голема анкетираност од ваша страна на последната поставена анкета, баш ми е мило. А и мило ми е за конечниот резултат од анкетата речиси 40% од анкетираните никогаш не би изневериле, значи има сеуште "поштени" луѓе. Или пак се плашевте да се искажите, хаха. Како и да е можете да ги погледнете резултатите подолу на сликата од последната анкета Дали изневерувате?
Новата анкета е поврзана со две омилени работи, посебно кај машките, фудбал и секс, кој, што би одбрал. Прашањето е За време на актуелното Европско првенство во фудбал што би избрале, фудбал или секс. Па анкетирајте се, не се срамете.