Памела Денис Андерсон е родена на 1 јули, 1967 година, во Лејдисмит, Британска Колумбија, Канада во 04:08 часот. За време на нејзиното детство се преселила со нејзините родители, Бери и Керол Андерсон, во Ванкувер.Како тинејџерка прво се истакнала на еден фудбалски натпревар, кога нејзината слика била прикажана на екранот на стадионот. Навивачите многу ја засакале па после бурни реакции од нив била донесена на фудбалскиот стадион. После тоа, Памела склучила договор со пивото Лабат, за да биде Blue Zone девојка. После тоа следеја уште неколку реклами се до 1989 кога Памела се појави за прв пат на насловната страна во Плејбој списанието. Со успехот во плејбој, таа се префрли во 1990 година во Лос Анџелес каде пак во 1991 година се појави во улогата на Лиса во "Home Improvement". Со оваа улога го привлече вниманието на многу луѓе низ целата земја со што пак ја доби улогата на C.J.Parker на "Baywatch".Тоа беше една од најгледаните телевизиски серии во тоа време.

Памела се појави на големото платно со филмот "Raw Justice". Набрзо потоа го запозна тапанарот на групата Motley Crue Томи Ли, со кого се омажи една година по тоа.Со Томи Ли имаа две деца Брендон Томас Ли и Дилан Џагер Ли. Во 1998 после 2 месеци од раѓањето на Дилан, Памела се разведе од Томи Ли, поради тоа што Томи ја нападнал и затоа тој одлежи шест месеци во затвор.
Во 1998 година, Памела Андерсон глумеше во телевизиското шоу "V.I.P.". После 2 години започна да излегува со пејачот Кид Рок, со кој се сврши во пролетта 2002.
Во 2003 година, таа објави дека е заболена од хепатитис Ц поради тоа што делела игла за тетовирање со нејзиниот бивш маж Томи Ли. Набрзо потоа шоуто беше откажано, поради тоа што Памела замина на лекување. По некое време, таа се приклучи кон ПЕТА, која е против крзната, убивањето на кокошки и ги поддржува вегетаријанците. Во 2005 година глумеше во комедијата "Stacked". Истата година одлучи да стави и поголеми импланти за гради откако ги имаше претходно извадено во 1999 година. Памела исто така предава во училиштето на нејзините синови и сеуште позира за магазини.