Михаел Шумахер е роден на 3 јануари 1969, во близина на Колн, Германија. Таму Шумахер фамилијата се зафати со картинг. Мајкл уште на 4 години возеше картинг со мотор од стара косилка за трева. Со тоа тој ја започна својата возачка кариера. Картингот постанал фамилијарна опсесија одржувана од снаодливоста на стариот Шумахер и духот на младиотМихаел. Михаел како мал го освоил Германскиот јуниорски шампионат во 1984 година.
Својот пат во трките со коли тој го започна во Формула Форд или како што е познато во Германија Formula Koenig. За да се натпреварува таму на Шумахер му требале спонзори и на негова среќа неколку спонзори, вклучувајќи

го и Јурген Дик, го зебележале младиот Германец. После една година натпреварување, Мајкл освои 9 од 10 рунди. Вили Вебер, неговиот иден менаџер, раководеше со негов Формула 3 тим и реши да го вклучи Шумахер во една од неговите коли. После 7 или 8 круга извозени колата на Вебер, Шумахер постугнуваше време за една и пол секунда побрзо од редовниот возач. Во своите натпревари во Формула 3, Шумахер се сретна и со идните возачи на Формула 1, Карл Вендлингер и Хајнц

Харалд Френтзен. После откажувањето на Вендлингер, следната година цела му припаѓаше на Шумахер. Наместо да го унапреди во Формула 3000, Вебер го испрати Шумахер да вози за Саубер во јуниорскиот тим на мерцедес. Таму тој се сретна со Jochen Neerspasch и Јochen Mass кои го школоваа во уметноста на возење на тркачки коли. За време на овој период, Шумахер го научи својот подоцна препознатлив стил на возење.
Шансата да вози за Формула 1 излезе кога возачот на Џордан, Бертранд Гачот беше затворен, па на Шумахер му беше дадена можност да се покаже за Ирскиот тим. Откако го видоа како вози на теренот набрзо потпиша договор за Џордан, или пак така се мислеше.
Од Џордан сакаа да потпишат договор на 3 години, но советниците на Шумахер го предупредија да внимава. После тоа беше потпишан временски договор за Хордан. Михаел имаше брилијантно деби во Спа во Белгија каде што беше седум места пред својот поискусен совозач. После неколку легални работи тој се премести во Бенетон, со кои ја освои својата прва трка во Белгија. Неговото време ќе дојде во 1994 година кога ќе стане светски шампион. Во 1995 година, после тешка и до некаде контроверзна битка со Дејмон Хил, стана најмладиот шампион кој ја освоил титулата два пати едно по друго. Во 1996 Михаел Шумахер се премести во Ферари кадешто стана познат како една од најголемите легенди во Формула 1.