Мајкл Џордан е роден во Бруклин на 17 февруари 1963. Џордан играше кошарка за средното училиште Лејни во Северна Каролина. Џордан беше избркан од тимот, но тој наместо да се откаже по бркањето тој го употреби тоа за да напредува и да се усовршува тренирајќи час по час на теренот.

Џордан доби кошаркарска стипендија од Универзитетот во Северна Каролина. Тој беше избран за колеџ играч на годината во 1983-84 сезона, и го однесе Машкиот кошаркарски тим на победа во 1984 каде што освоија златен медал под вотство на трењерот Боби Најт.
Џордан го напушти колеџот и се приклучи на НБА во 1984 и бече избран од Чикаго Булс кои имаа победено само 28 натпреври претходната сезона.Тој ја заврши неговата почетничка сезона како еден од најдобрите почетници во лигата со постигнати 28.2 поени по натпревар и успеа да влезе во Ол Стар Тимот. Џордан ги поведе Булсите низ секоја сезона но не успеа да стигне до НБА финалето се до 1991 кога ги однесе Булсите до првата од нивните три последователни НБА победи