Џесика Биел, со нејзиниот извонредно добар изглед и големиот талент, е една од најбараните Холивудски актерки. Таа го направи своето деби со серијата "Седмо небо" и помогна да постане славна. Како дете Џесика имаше кариера како вокалист настапувајќи во музички театар. На девет години настапуваше во такви продукции како што се "Ани", "Звукот на музиката" и "Убавицата и Ѕверот". Природно убавата Џесика потоа почна да се занимава со манекенска и комерцијална работа. По завршувањето на година и пол на колеџ на Тафтс унирвезитетот во Бостон, Џесика планираше да се врати на училиште во Калифорнија како потсетување на нејзините години на колеџ. Во нејзиното слободно време таа беше во добротворна работа во "Friends Animal Sanctuary and PETA". Нејзино хоби се балет, фудбал, трчање и јога.
Џесика моментално живее во Лос Анџелес.