Џесика Ан Симпсон е родена на 10 јули 1980, во Абилејн, Тексас, од татко Џо и мајка Тина Симпсон. Таа порасна во Ричардсон, Тексас, имајќи нормално детство како ќерка на свештеник. Во црквата, таа била во можност да го покаже својот извонреден глас, привлекувајќи независни музички продуценти. Овој продуцент беше еден од многуте кој го забележа големиот потенцијал во Џесика. Меѓутоа, поради банкропт, издавачката куќа не беше во можност да го прошири албумот низ пошироката јавност. 
Иако со скршено срце, Џесика сеуште не се откажуваше од својот сон да биде на радио. Со поддршка од нејзината фамилија, како и менаџерските таленти на нејзиниот татко, албумот на Џесика успеа да го најде патот до масата на Томи Мотола, тогашен прецедател на Колумбија Рекордс. Тој беше освоен од чистото срце на Џесика како и нејзиниот одличен глас. Договорот со Колумбија ќе ја однесе Џесика неколку пати низ светска турнеја како и ќе издаде три албуми од кои еден ќе достигне златно издание, а другите два платинум.
Бидејќи е "родена за пред камера", беше само прашање на време се додека ја забележиме Џесика на филмското платно. Најмногу се прослави со реалното шоу,Newlyweds: Nick & Jessica, што го снимаше заедно со својот тогашен сопруг Ник Личи. Потоа се прочу со тоа што ги облече шорцовите на Дејзи Дук во Војводите од Хазард, каде глумеше заедно со Џони Ноксвил и Шон Вилијам Скот.
Џесика докажа дека има редок талент со кој успеа да влезе во срцата и умовите на обожавателите низ целиот свет. Без разлика дали се работи за музика или филм, евидентно е дека таа ќе има долга кериера пред себе, бидејќи таа продолжува да се менува и да расте како уметник.