Боби Коминовски е роден 1968 година во Битола. Музичкото образование го започнува во Битола, отсек кларинет во класата на професор Панде Татарчевски. По завршувањето на средното музичко училиште во 1986 година, се запишува на ПМУ во Скопје во класата на м-р Иван Кочаров, отсек кларинет и успешно ги завршува студиите во 1991 година. Од 1993 година работи во Музичкото училиште во Ресен во склоп на Пионерскиот центар, под раководство на проф. Кирил Петков. Додека од 1995 година е вработен во Средното музичко училиште во Битола како професор по кларинет и саксофон. Во 2000г. запишува студии на ФМУ отсек саксофон во класата на м-р Стојан Димов, а подоцна под негово менторство ги завршува и магистерските студии.
Во текот на школувањето освоил повеќе награди како: прва републичка награда во 1984 година, прва републичка награда во 1988 година, трета сујузна награда на натпреварот во Љубљана истата година. Како член на здружението “Музички и балетски педагози на Македонија” бил повеќе пати член на жири комисија на државните натпревари по кларинет и саксофон, исто така на интернационалниот натпревар по кларинет и саксофон “Охридски бисер” 2005 година. Има одржано повеќе концерти и рецитали, настапувано во Македонската филхармонија, оркестарот при ФМУ Скопје, како и со “Битолскиот камерен оркестар”.