Анџелина Џоли е американска филмска глумица, бивша манекенка и амбасадор на добротворни цели и црвен крст, како и висок комесар за бегалци на UN. Популарни медимуски телевизиски куки многу често ја прогласуваат за една од најубавите жени на планетата, и често даваат и изјавуваат информации како за работниот така и за приватниот живот. Добитничка е на три награди на Златен Глобус, две награди на американското здружение на глумици (Screen Actors Guild) и еден Оскар.
Како дете за прв пат се појавува со својот татко Џони Војт во филмот Looking To get Out 1982 година, а нејзиниот прв актерски почеток е десет години подоцна, во нискобуџетниот филм Киборк 2 1993, а својата прва главна улога ја имаше во филмот Хакери 1995. Се појавува во биографски филмови на „Џорџ Волс“(1997) и Џија (1998) и добива оскар за Џија за најдобра споредна женска улога во филмот Неприлагодена 1999. Меѓународна слава постигнува во филмовите како хероинка Лара Крофт – Томб Рајдер, и станува една од најпознатите и најпопуларните глумици на Холивуд. Најголем комерцијален успех постигна во акционата комедија „Господин и Госпоѓа Смит“2005.
Беше во брак со глумците Џони Лием Милер и Билијам Бобо Торнтон, а моментално живее со глумецот Бред Пит, врска која привлекува светски медиуми. Џоли и Пит имаат посвоено 3 деца Мадокс, Пакса и Захар и едно биолошко дете Шајло. Џоли промовира хуманитарни цели насекаде во светот и позната е по работата со УНХЦР.