Овогодинешниот Oktoberfest ја забележи својата прва жртва. Еден амерички посетител погоди Чилеанка со морков право во око, објави минхенската полиција. Американецот во пијана состојба со 15 сантиметарскиот проектил, на првиот ден на Oktoberfest, ја погоди жената право во окото. Дваесет и девет годишната Чилеанка била засечена веднаш под окото, рана која не можела да помине без лекарска интервенција. Напаѓачот е притворен, меѓутоа после некое време е ослободен со кауција.
Со цел да го намалат пијанството, кое е главно обележје на Oktoberfest во последните години, организаторите ги поттикнуваат посетителите да со себе понесат храна, но ваквата стара традиција во случајот се покажала како лоша.
Се очекува овогодинешниот 174 Oktoberfest до 7 октомври да привлече шест милиони посетители.
|