Сурфањето на интернет постанува опсесија за многу воздрасни американци, кои не можат да поминат ни неколку саати, а да не зборуваме за цел ден, без интернет. Новото истражување покажало дека социјализацијата "лице во лице" опаднала во големи мерки поради употребата на интернетот и сурфањето и тоа дека некои луѓе повеќе би сакале слободното време да го поминат пред компјутерот отколку со пријателите или со партнерот. Интернетот безсомнено влијае на нашиот секојдневен живот, но луѓето во САД го запоставуваат секој друг аспект од својот живот поради сурфањето.
Истражувањето кое опфатило 1.011 воздрасни Американци, покажало дека некои не можат да издржат ни неколку саати без интернет, а за цел ден 15% од испитаниците изјавиле дека нема шанси тоа да го направат. Додека останатите изјавиле дека можат да издржат и до неколку денови без интернет. Само една петтина изјавиле дека би издржале и една недела и повеќе.
Тимот кој работел на анкетата добил интересни, но не и позитивни резултати. Многу испитаници соопштиле дека понекогаш повеќе би го одбрале интернетот и сурфањето наместо да излезат со пријателите или секс со партнерот. Многумина одговориле дека се чувствуваат досадно доколку не се на интернет. За многу луѓе комуникацијата "лице во лице" е веќе застарена бидејќи денес воглавно луѓето комуницираат преку email, chat или messenger.
|